Домашен лосион против опаѓање на коса

Оваа комбинација од билки овозможува зголемување на циркулацијата на скалпот со што се зголемува дотокот на енергија и се забрзува растот на косата.

Состојки:

  • 100 g суви листови коприва
  • 15 g каранфилче
  • 0,5 L ракија

Подготовка:

Листовите коприва и каранфилчето ставете ги во тегла, прелијте со ракијата, добро затворете и оставете да стои во топла просторија 15 дена. Потоа процедете, сипете во шишенце (добро би било шишето да има пипета) и затворено чувајте го на темно место.

Употреба:

По миење, со тампон намокрен од растворот лесно масирајте го коренот.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *