Направете сами: Маска за волумен и сјај на косата by Bare Origin

Mаска за коса која и дава неверојатен волумен и мекост на косата. Маската ги навлажнува корените на косата и ги смирува иритациите предизвикани од сува и оштетена кожа на черепот. Авокадото, маслото од кокос и маслото од арган се полни со масни киселини кои ја потхрануваат и зајакнуваат косата и со тоа и овозможуваат да добие волумен и сјај. Сокот од алое вера ја смирува и лади кожата на главата.

Потребни состојки:

  • 1 авокадо
  • 1 чајна лажичка путер од шеа
  • 1 супена лажица масло од арган
  • 1 супена лажица масло од кокос
  • 1 супена лажица сок од алое вера (може да се изостави)

Начин на подготовка:

Првин изгмечете го авокадото, во друг сад ставете ги маслото од  кокос и путерот од шеа и ставете го садот над друг сад со вода која испарува. Почекајте да се стопат. Додадете го стопениот шеа путер, масло од кокос и маслото од арган во садот со авокадото. Додадете го скокот од алое вера. Измешајте ги на крај сите состојки дури не добиете убава и хомогена смеса.

Аплицирајте ја маската на косата рамномерно и убаво измасирајте го черепот со неа. Оставете ја маската 15 до 30 минути. Потоа измијте ја косата убаво со шампон.

Bare Origin skincare ве поканува на Fashion & Lifestyle expo 29-31 Март во Македонска Опера и Балет, каде што ќе можете да ги пробате и купите производите и да се запознаете и поразговарате со основачката Нена Стојова.

Доколку сакате да се продлабочите во природната козметика и дознаете како најчесто употребуваните хемикалии во козметиката за нега на кожа, всушност доведуваат до нејзино прерано стареење и се штетни по Вашето здравје како и зошто е потребно да ја негувате Вашата кожа со природни состојки за нејзин долготраен сјај и младост,

Bare Origin ве поканува на презентацијата “Основите на природната козметика” каде што освен ова ќе дознаете и колку лесно можете да направите домашен хидратантен путер за тело и масло за лице против стареење, со користење на едноставни, природни состојки.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *