Маска за затегнување на лицето од ленено семе

Лененото семе содржи големо количество на калиум, магнезиум, витамин Е, есенцијални амино киселини и омега 3 масни киселини. Благотворно делува врз здравјето на нашиот организам, но исто така и надворешно на кожата како одлично козметичко средство.

Лененото семе само по себе има многу позитивни ефекти, благодарение на неговиот извонреден состав. Се препрачува да се конзумира секојдневно за подобро функционирање на дигистивниот тракт, но исто така и за зголемување на нивото на “добриот” HDL холестерол.

Ленот во својот состав содржи и висока содржина на лигнани и фитоестрогени кои имаат улога слична на хормоните во организмот. Лигнаните и фитоестрогените поседуваат и голема антиоксидативна и антиканцерогена моќ. Овие компоненти делуваат благотворнo и од внатре и од надвор. Фитоестронегите ја прават кожата мазна, еластична, го активираат процесот на регенерација и ја подобруваат структурата на косата и ноктите.

482407449_XS

Маската за лице од ленено семе која ја споделуваме со вас, ќе ви ја направи кожата на лицето мазна, еластична и нежна после 5-6 третмани. Подгответе ја наутро, а користете ја навечер. Пракиткувајте да ја нанесувате маската 3-4 пати неделно. Резултатаите ќе ве мотивираат да не прекинувате со нејзина употреба. Користете ја 2 недели, па направете 2 недели пауза.

Како да ја подготвите?

Потребно ви е само ленено семе и вода. Лененото семе може да биде и мелено, но немора. Една мала лажичка ленено семе прелијте ја со зовриена вода (околу 50 ml). Подгответе ја маската наутро и оставете ја да стои до вечерта. Потоа процедете и со памуче нанесете од содржината на исчистено лице и врат. Кога ќе се исуши премачкајте го лицето повторно. Повторете ја процедурата 5 пати. Обидете се дури ја нанесувате маската да не зборувате и да не се смеете.  Кога ќе завршите измијте го лицето со млака вода и нанесете хидратантен крем. Разлики ќе почувствувате уште после првиот третман. Кожата ќе биде понежна, позатегната и поеластична.

Приодната козметика има навистина позитивни ефекти кога е во прашање нега на лице, тело и коса. Користете природни маски, кој немаат хемикалии и се сосем бесплатни. Состојките потребни за нивна подготовка веќе ги имате во својата кујна.

Кинеска маска за лице, прочитајте овде.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *