Освен што овие намирници му помагаат на вашето тело одвнатре, подеднакво се делотворни и за надворешна употреба.
Медот и чија семето ќе ви помогнат да ја исчистите и хидрирате кожата, а дополнително ќе ја нахранат и ќе ја освежат. Оваа комбинација на намирници ќе го ублажи црвенилото на вашата кожа и ќе ви помогне доколку имате проблеми со акни. Медот и чија семето се делотворни и кај псоријаза и оштетена кожа.
За подготовка на оваа маска за лице потребни ќе ви бидат само 10-тина минути.
Сосотојки:
- 2 мали лажички мед
- 100 ml млака вода
- 1 мала лажичка чија семе
Подготовка:
Измешајте го медот со водата, потоа додајте го чија семето и продолжете со мешање. Оставете ја смесата 5 минути така што чија семетo ќе впие вода и ќе набабри. После 5 минути повторно промешајте и нанесете ја маската на исчистено лице. Најдобро е пред да ја нанесете маската, да му направите пилинг на лицето со помош на маслиново масло и малку шеќер. Оставете ја маската да делува 5 минути, а потоа исплакнете го лицето темелно со млака вода и нанесете хидратантен крем.
Комбинацијата на мед, вода и чија семе е богата со омега-3 масни киселини, витамини и минерали кои на вашата кожа ќе и дадат природена нега, сјај и еластичност.
Секогаш имајте на ум дека природната козметика е најдобра за нега на кожата и косата, па затоа еве ви некои наши предлози:
- домашни маски за негувана коса
- домашен лосион против опаѓање на коса
- маска за затегнување на лицето од ленено семе
- кинеска маска за лице
- хранлива маска за лице.