Моринга – “Чудесно дрво” со 90 нутритивни состојки

Морингата е дрво кое расте во подножјето на Хималаите. Вообичаено ова дрво достигнува височина од 10 метри. Поради низата здравствени предности кои и се препишуваат на морингата како и богатиот нутритивен состав, многу често ова двро се нарекува и “чудесно дрво”. Сите делови од ова растение се употребливи (лист, цвет, корен и семки).

Морингата може да ја најдете во сите подобро снабдени продавници за здрава храна и тоа во прав. Правот од моринга се добива со сушење и мелење на листовите.

 moringa-oleifera-powder-e1457225170355

Нутритивна вредност на морингата

Листовите на морингата содржат 90 нутритивни состојки и 45 антиоксиданси. Тие се богати со протеини, витамини и тоа: А, Б и Ц и минерали. 100 g листови од моринга содржат 2 пати повеќе протеини од 100 g јогурт, 4 пати повеќе калциум од 100 g млеко, еднакво количество на калиум како што има во во 100 g банани, еднакво количество на витамин А како што има во во 100 g моркови и три пати повеќе витамин Ц споредено со 100 g портокал.

Здравствени придобивки од морингата

Во традиционалната медицина, морингата се користи како антибиотик во лечење на разни инфективни заболувања. Освен тоа се користи за лечење на анемија, артитис, астма, запек, дијабетес, мигрена, зголемен крвен притисок, бубрежни камења, задршка на течности, проблеми со тироидната жлезда. Исто така морингата се користи и за зголемување на либидото.

Имајќи го во предвид фактот дека содржи 45 антиоксиданси, морингата може успешно да се користи како превенција од многу малингни заболувања. Слободните радикали се причина за многу заболувања и воспалителни процеси во организмот. Антиоксидансите имаат за цел да ги “заробат” слободните радикали и да го спречат нивното негативно дејство врз организмот. Иако нашиот организам има развиено сопствен систем со кој успешно се брани од слободните радикали, сепак денешното живеење, исхраната, нактивниот начин на живот, бројните зрачења од електронските уреди кои се насекаде околу нас во голем степен го зголемуваат создавањето на слободни радикали во телото.

Морингата го зајакнува имунитетотја подобрува циркулацијата, го одржува нормално нивото на глукоза во крвта, има антивоспалителни својстваја зголемува ментаната сила и фокус и на природен начин го зголемува нивото на енергија во телото.

Како да ја конзумирате морингата?

Препорачаната дневна доза од моринга е од 3 до 6 g (малку помалку од мала лажичка). Оваа суперхрана може да биде одличен додаток во бројни рецепти. Морингата во прав можете да ја додате во вашето утринско смути или да ја искористите како зачин во вашата салата. Можете да ја користите дури и за приготвување месо и разни варива. Оние кои не сакаат да ја додаваат во јадењата, можат слободно да ја растворат во чаша млака вода и на тој начин да ја конзумираат.

За крај еве ви една рецепта за утринско смути со моринга

Состојки:

powders-main

Ова невојатно и супермоќно растение заслужува да биде дел од нашата секојдевна исхрана. Дајте му шанса 🙂

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *