Навики во исхраната за добро здравје

Mоже ли храната да направи да се чувствувате полни со енергија? Секако! Навиките во исхраната се особено важни за чувство на виталност, енергија и ведрина. Она што го внесуваме секојдневно има големо влијае врз целокупното здравје и изгледот на телото. Следниот пат кога ќе размислувате што да јадете, имајте ги на ум овие правила за исхрана кои се лесни и едноставни за следење, а ќе имаат голем позитивен ефект врз вашето здравје и чувството на виталност.

1. Никогаш не јадете само јаглехидрати

Јаглехидратите може да предизвикаат нагло покачување на шеќерот во крвта (а потоа и нагло намалување), може да го зголемат ризикот од појава на дијабетес, срцеви заболувања и висок крвен притисок. Тоа не значи дека треба комплетно да ги елиминирате јаглехидратите од своето мени. Вашето тело има потреба од нив, исто како и од здравите масти и протеини, кои го држат стабилно нивото на шеќер во крвта. Затоа, јаглехидратите треба да ги комбинирате со протеини или здрави масти, но никогаш не ги јадете самостојно.

bigstock-Food-fish-Unsaturated-Fats-52226848

2. Правете разлика меѓу здрави и транс масти

Луѓето кои држат диета имаат тенденција да одбегнуваат сѐ што содржи масти, но постои голема разлика помеѓу здрави и транс масти. Здравите масти се клучни за мозокот, додека транс мастите може да доведат до многу здравствени проблеми. Маргаринот, преработената храна и разните печива содржат висок процент на транс масти. Конзумирајте намирници со здрави масти, како авокадо, лосос, и користете маслиново, ленено, бадемово или кокосово масло.

fruitplate2

3.Наполнете ја чинијата со храна во разновидни бои

Кога телото не ги добива потребните хранливи материи, не може да функционира правилно. Затоа е многу важно да обрнете внимание и да додадете во вашата чинија намирници во разни бои. Зелен, жолт, црвен, виолетов зеленчук и овошје се полни со витамини, минерали, антиоксиданси и хранливи влакна. Наполнете ја чинијата со нив и осигурајте се дека телото ги добива сите потребни хранливи материи.

2e1ax_content_entry_lemon-water

4. Внимателно со пијалоците

Алкохолот, газираните пијалоци, кафето со безброј додатоци, не се во функцијата на вашето добро здравје. Сите содржат високо ниво на шеќер и се поврзани со појава на хронични и срцеви заболувања. Доволно добра причина да посегнете по обична вода, вода со лимон, смути или зелен чај.

seeds-hero

5. Конзумирајте намирници богати со хранливи влакна

Хранливите влакна помагаат во контрола на нивото на шеќер во крвта, го подобруваат здравјето на срцето, го намалуваат ризикот од мозочен удар, влијаат стимулативно на дигестивниот систем и се одлични за вашата коса и кожа. Грав, овошје, зеленчук, семиња, ореви и цели зрна се некои од најдобрите извори хранливи влакна.

Omega 3 text, brown linseed

6. Зголемете го нивото на омега-3 масни киселини

Иако не е утврдено која е количината на омега-3 масни киселини кои треба да го конзумираме дневно, вклучувањето на храна кој содржи омега-3 масни киселини барем два пати неделно, е одлично за целокупното здравје на организмот. Ленено семе, грав, зелка, алги, тиква и ореви се добри извори на омега-3 масни киселини.

4

7. Не конзумирајте брза храна

Брзата храна е можеби вкусна и евтина, но не и здрава. Иако, веруваме дека од време на време треба да се почестите со некој десерт или пица, тоа не смее да ви биде секојдневна исхрана. Брзата храна влијае на нивото на шеќер во крвта, го забавува метаболизмот, предизвикува гојазност и прекумерна телесна тежина и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Ако вашето мени содржи премногу обработена храна, време е да ги смените навиките во исхраната, доколку сакате добро здравје и благосостојба на телото.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *