Намалете го штетниот ефект од цигарите со внес на соодветни витамини и минерали

Споделете со пријателите

Иако сите знаат колку пушењето е штетно, сепак зависноста од цигари е на многу високо ниво. За да се намалат или успорат штетните ефекти од тутунот потребни се одредени промени во секојдневните навики. Доколку ви е тешко да се откажете од цигарите, внесот на храна и додатоци во исхраната кои имаат моќ да ја намалат или неутрализираат никотинската зависност, како и да ги намалат штетните ефекти на тутунот ќе ви помогнат да се справите со штетните никотински ефекти. Чадот од цигарите содржи многу токсични супстанци (формалдехиир, арсен, кадмиум, бензен) кои се предизвикувачи на многу заболувања. Исто така чадот од цигари содржи и јаглероден моноксид кој го отежнува дишењето, амонијак кој ги иритира белите дробови и водороден цијанид кој го попречува дишењето. Освен ризикот од канцер на белите дробови, цигарите се причинители и на многу други заболувања вклучувајќи го пред се дијабетесот и кардиоваскуларните проблеми.

Ако спаѓате во групата на оние на кои тешко им оди откажвањето и покрај тоа што сте свесни дека ви штетат по здравјето, зголемето го внесот на подолунаведените витамини и минерали кои имаат пред се за цел да го неутрализираат штетниот ефект од цигарите. Станува збор за витамини и минерали кои имаат антиоксидантен ефект, бидејќи супстанците во чадот од цигарите предизвикуваат создавање на слободни радикали.

Цинк

Цинкот е есенцијален минерал кој во телото се наоѓа во мала концентрација. Тој е неопходен бидејќи контролира многу метаболички процеси и влијае врз активноста на повеќе од 200 биолшки ензими. Цинкот помага во синтезата на протеини, што влијае на растот и развојот на целиот организам. Помага во одржување на оптимален хормонски баланс, штити од инфекции преку поттикнување на имунитетот, но го штити и црниот дроб од токсини. Внесен во поголеми количини спречува  продирање во телото на тешките метали како олово и кадмиум кој се присутни во чадот од цигарите. Цинкот е потребен и за поголема спортска издржливост. Тој ја зголемува виталноста на огранизмот, поволно влијае на спермогенезата, репродукцијата и лактацијата.

Дневните потреби на цинк најдобро е да ги задоволувате преку исхраната. Цинкот е најзастапен во црвеното месо, рибата и морските плодови, јаткастите плодови, семките од тиква и сончоглед и јајцата.

Овошјето и зеленчуците содржат минимални количини цинк. Од нив најмногу цинк има во крушите, оревите, црешите, гравот, грашокот и леќата.

Селен

Селенот поседува моќни антиоксидантни својства и игра значајна улога во одржување на здравјето. Селенот го спречува или барем го успорува стареењето на клетките и ткивата и го неутрализира дејството на некои канцерогени супстанци. Тој учествува во елиминирање на кадмиумот од организот кој е присутен во чадот од цигарите.

Селенот најмногу го има во морските плодови, бразилски ореви (2-3 на ден), јајца, брокули и аспарагус.

brasil nuts

Коензим Q10

Коензим Q10 се наоѓа во секоја клетка во организмот и е неопходен за процесот на создавање на енергија преку клеточното дишење. Тој е еден од најмоќните антиоксиданси кој многу успешно се бори против слободните радикали, кои се причинители на многу заболувања и тоа пред се на малигни заболувања. Освен тоа што коензим Q10 е моќен антиоксиданс, тој ја подобрува состојбата кај пациентите кои имаат кардиоваскуларни проблеми. Исто така го превенира предвременото стареење и е неопходен кај луѓе кои се занимаваат со спортски активности.

Коензим Q10  се препорачува како додаток во исхраната во превентивни дози од 10-60 mg/ ден. Најмногу го има во свинско, пилешко и  во говедско месо, како и во сардини.

Витамин Е

Овој витамин не случајно е наречен витамин на младоста. Тој учествува в метаболизмот на органските материи и ја одржува стабилноста на клеточната мембрана и сублекточните органели. Бидејќи овој витамин е моќен по своите антиоксантни својства, тој ги штити полинезаситените масни киселини од липинда пероксидација. На тој начин делува и како антиоксиданс и како регенератор на клетките. Витаминот Е помага во одржување на убави нокти, коса и кожа.

Овој витамин најмногу го има во растителните масла, јаткастите плодови и авокадото.

Витамин Ц

Овој витамин е вистински пријател на кожата и на целиот организам. Тој е неопходен за оджрување на меѓуклеточниот простор, што е доволно да го објасни неготово огромно значење за целиот организам. Овој витамин го зајакнува имунолошкиот систем преку поттикнување на синтеза на интерферон, активација на макрофагите, зголемена мобилност на неутрофилите и зголемена фагоцитоза на леукоцитите.

Познато е дека овој витамин покажува голема детоксикациска особина спрема тутнот т.е спрема суспстанците од чадот од цигарите. Супстанците кои се присутни во чадот од цигарите интерреагираат со овој витамин така што со една испушена цигара се уништуваат 25-100 mg витамин Ц. Затоа се препорачува оние кои пушат да внесуваат повеќе витамин Ц во организмот. Овој витамин има голема детоксикациска моќ и ја подобрува општата состојба на целиот организам, ја потенцира детоксикациската моќ на црниот дроб и помага за одржување на убава кожа и коса.

Овој витамин е пред се застапен во овошјето и зеленчукот (црвена пиперка, зелени зелечуци, киви, јаболки, лимон, портокали и сл.).

Vitamin-E-and-vitamin-C

Освен наведените витамини и минерали, зелениот чај исто така се препорачува да го внесуваат пушачите. Овој чај содржи катехини и полифеноли кои имаат антиоксидантен ефект и спречуваат липидна пероксидација. Исто така полифенолите и катехините помагаат во намалување на триглицеридите и холестеролот што е одлична превенција од срцеви заболувања кои се особено чести кај хроничните пушачи.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *