Утрински напиток за чистење на дебелото црево

Споделете со пријателите

Елиминација на отпадните материи и токсини од дебелото црево може да помогне да го подобрите целокупното здравје, затоа што штетните токсини често придонесуваат за умор, дебелеење, главоболки и бројни други тешкотии.

Прочистување на дебелото црево ќе ви помогне за подобро варење и полесна апсорпција на хранливите нутритиенти од храната.

Овој напиток е идеален за оние кои патат од констипација. Детоксикацијата на дебелото црево ја подобрува циркулацијата и помага за зголемување на енергијата. Сето тоа ќе ви ја подобри општата состојба и ќе ви го зајакне имунитетот затоа што кога дебелото црево е чисто апсорпцијата на витамините и хранливите нутритиенти од храната е олесната.

Постојат различни методи на празнење на дебелото црево. Билните чаеви кои се наменети за тоа доколку се користат постојано можат да предизвикаат зависност и синдром на т.н мрзливи црева. Затоа најдобро е празнењето на цревата да го помогнете на природен начин, со здрава храна и со продукти кои се богати со многу нерастворливи растителни влакна.

Во продолжение едноставен утрински напиток кој ќе ви помогне за полесно празнење на цревата.

Потребни состојки:

  • 1 јаболко
  • 1 лажица квалитетен мед
  • 1 лажица чија семе
  • 1 лажица ленено семе
  • малку цимет
  • 200 ml вода

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блнедер и убаво измешајте. Потребно е да добиете убав хомоген напиток. Испијте го на гладен стомак.

Овој напиток содржи многу растителни влакна, но и други хранливи материи, па доколку редовно го консумирате ќе ја подобрите работата на дебелото црево и ќе си го подобрите целокупното здравје.

Дополнително за да го помогнете процесот на чистење консумирајте храна и намирници кои придонесуваат за полесна детоксикација и чистење на телото, а тоа се: лимон, спанаќ, интегрални житарици, авокадо, многу овошје и зеленчук и зелен чај.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *