Направете сами: Мелем за херпеси

Денес кога синтетските лекови се користат како главни лековити препарати во современата медицина се поставува прашањето дали тие се единствените и најдобрите во изборот за лечење на различните видови заболувања.

Размислувањата во научните кругови веќе одат во друг правец. Синтетските лекови навистина делуваат брзо, но страничните ефекти како што се алергиските реакции и токсичноста што ја предизвикуваат врз црниот дроб и бубрезите можат да се избегнат кога голем дел од нив ќе се заменат со природни препарати изработени од лековити билки со кои нашето поднебје навистина изобилува.

Еден таков препарат е и овој мелем за херпеси за кој се потребни само 3 состојки, не содржи никакви конзерванси и парабени и е сосема безбеден за употреба.

Овој препарат се користи за ублажување на болката и црвенилото при херпеси и промени околу устата кои се јавуваат при вирусните заболувања предизвикани од вирусот hepres simlex.

Потребни состојки:

  • 10 g (2 супени лажици) ситно сомелени суви листови маточина
  • 50 ml маслиново масло
  • малку медицински восок (можете да го најдете во секоја подобро снабдена аптека)

 Начин на подготовка: 

Ситно сомелената маточина заедно со маслиновото масло ставете ја во стаклено шише и убаво затворете го шишето. Шишето ставете го на оган во друг сад со вода која врие и оставете го 30 минути на тивко. Потребно е да се направи екстрација на состојките од маточината во маслиновто масло која се случува под дејство на високата температура.  Потоа тргнете го од оган и оставете го да стои 12 часа. Следиот ден процедете го и повторно загрејте го шишето сосема кратко, истурете ја течноста во соодеветен пластичен сад за креми/масти и додадете 3-4 парченца восок. Бидејќи маслото е топло, восокот ќе се стопи многу брзо. Промешајте и ставете го мелемот во фрижидер. После 1 час откако ќе се стегне, мелемот е спремен за употреба.

Начинот на подготовка можете да го погледнете и на видеото. Извинете за квалитетот, но видеото е снимено пред  повеќе од 8 години 🙂

Начин на употреба:

Мелемот се нанесува на болното место три пати дневно, а ефектот е видлив после само еден ден. Бидејќи не содржи конзерванси рокот на траење му е 30 дена,  доколку го чувате во фрижидер.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *