Неколку митови поврзани со вежбањето

Постојат многу популарни митови поврзани со вежбањето и губењето на килограми. Бидејќи секој сака да постигне максимални резултати со физичката активност, прочитајте кои се најчестите митови поврзани со вежбањето.

Мит број 1: Кога ќе престанете да вежбате мускулите се претвораат во масни наслаги

Вистина: Мускулите и масните наслаги се две сосема различни ткива , кои имаатразлични функции, така што физиолошки е невозможно едното да се претвори во друго. Ако престанете да вежбате вашите мускули атрофираат, без разлика колку напорно сте вежбале предходно. Дополнително на тоа, ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, тие калории се складираат како масно ткиво.

Мит број 2: Мора да вежбате 60 минути  за да бидете во фит форма

Вистина: Ако сакате да се ослободите од вишокот на килограми секако дека полесно ќе ја постигнете вашата цел ако повеќе вежбате. Но, ако немате доволно време за вежбање, не се чувствувајте лошо, туку зголемете го интензитетот на вежбање. Движете се побрзо, трчајте брзо 2 минути, па побавно 1 минута и сето тоа не мора да трае еден час. Интензитетот на вежбање е особено значаен и многу поефикасен, макар и таквото вежбање да трае половина час, на местото на еден час статично вежбање.

Мит број 3:  Луѓето со зголемена телесна тежина имаат многу бавен метаболизам

Вистина: Вистина е дека само помалку од 10% од луѓето со прекумерна тежина патат од метаболичко пореметување. Всушност, колку сте потешки, толку повеќе калории трошите во текот на вежбањето од послабите луѓе, за истиот временски период. Ако забележите дека вагата ви покажува зголемена тежина, прво размислите за тоа колку сте активни, а потоа за вашиот метаболизам.

Мит број 4: Повеќе калории ќе потрошите ако вежбате кога е ладно

Вистина: Ако смрзнувате додека трчате на ладен воздух за да потрошите повеќе калории, само побрзо ќе сакате да си заминете дома и нема да уживате во трчањето. Можеби ќе потрошите малку повеќе калории, но тоа е само во текот на првите минути од вежбањето, но кога ќе се загреете, согорувањето на калории е еднакво, без оглед дали трчате на топло или ладно време.

532815991_XS

Мит број 5: Читачот на калории на справите е точен

Вистина: Истражуавњата покажуваат дека показателите на потрошувачката на калории на справите може да бидат неточни и до 70%. Елиптичните справи, на пример, не се доволно долго во употреба за вежбање за научниците да можат да развијат формула која ќе покажува точна потршувачка на калории за различни лица. Во однос на покажувачите на потрошени калории кај статичниот велосипед или лената за трчање, истражувањата покажале помал процент на отстапка во точноста на податоците за потрошени калории.

Мит број 6: Не можете да ослабнете само со пливање

Вистина: Точно е дека пливачите кои пливаат во ладна вода и на долги дистанци имаат тенденција да задржат масно ткиво во телото (служи како изолатор), но кај многумина кои редовно пливаат резултатите во тежината се особено забележителни, бидејќи со пливање се трошат од 450-700 калории за еден час.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *