Зошто слабеењето без физичка активност е неуспешно?

Споделете со пријателите

Одржувањето на идеална телесна тежина има значајно влијание врз вашето здравје. Никогаш не започнувајте некоја популарна диета која ветува голем губиток на килограми, доколку таа диета не вклучува физичка активност.

Кога имате идеална телесна тежина се чувствувате задоволно, исполнето, полни сте со енергија и ентузијазам. Доколку не сте задоволни од својата тежина и навистина сакате да ослабете, размислете два пати кој метод е најсоодветен за сигурно и трајно губење на килограмите, но притоа зачувувајќи го доброто здравје.

Не прифаќајте ја веднаш првата диетата за која ќе слушнете и никогаш не посегнувајте по таблети за слабеење кои ветуваат брз и лесен губиток на килограми. Запомнете дека здраво слабеење и постигнување на идеална тежина не е лесен и брз процес. Тоа подразбира промена во животните навики  и задолжителна физичка активност.

Законите на физиката за жал не можеме да ги победиме. Замислите и запомнете дека за губење на 1 kg масно ткиво потребно е да потрошите 9000 калории. Сепак тој минус на калории не можете да го постигнете без внесување на храна, затоа што постои дневен % на калории кои мора да се внесуваат за извршување на метаболичките процеси (базален метаболизам).

Кога слабеењето е неуспешно?

Популарните диети или брзите решенија за слабеење во вид на таблети, чаеви и сл. се неуспешни затоа што:

  • Најчесто ригорозните диети препорачуваат целосно исклучување на одредени намирцни од исхраната. Сето тоа создава нерамнотежа во исхраната и може да има негативни последици врз вашето здравје.
  • Слабеењето престанува после губење неколку килограми. Доколку планот за слабеење не вклучува одредена физика активност телото многу брзо ќе се навикне на помалиот број калории кои ги внесувате и едноставно ќе стагнира во губењето килограми.
  • Слабеете но, килограмите се враќаат. Скоро сите брзи диети имаат јо-јо ефект, што значи дека после прекинување на диетата вие повторно ги враќате килограмите и повторно се враќате на старото. Во одредени ситуации некои луѓе качуваат дури и повеќе килограми отколку што имале претходно.
  • Прекинувате со диетата затоа што многу брзо се обесхрабрувате. Диетите кои се премногу рестриктивни многу лесно можат да ве наведат да “посегнете по недозволеното” и да се обесхрабрите за продолжување понатаму.
  • Повеќе губите пари, отколку килограми. Специјалните шејкови, програми, оброци се навистина скапи и не трајно решение на проблемот.
  • Гледате реклама во која некоја личност успеала да ослаби 15 килограми за два месеци. Посегнувате по истиот тој препарат, но вие не го добивате ветениот резултат. Производителите на препаратите за слабеење нудат преголеми ветувања кои не се возможни баш за секоја личност.

Кога слабеењето успева?

Не постои универзален план за слабеење, но постојат одредени практични совети кои ветуваат вистински и реални резултати:

  • Промена во животниот стил. Доколку не сакате килограмите да се вратата после прекинување на диетата, заборавите ги сите тие лесни решенија и брзи диети. Внесете радикални и реални промени во животните навики кои покрај слабеење ветуваат и подобро здравје. Урамнотежете ја исхраната и намалете го внесот на брзата и пржена храна, слатки и чоколади, газирани и алкохолни пијалаци и сл.
  • Направете план за исхрана кој нема да ве исцрпува. Не се разочарувајте доколку ви се случи да посегнете по нешто што е забрането. Доколку ви се случи тоа направете дополнителни 10 минути кардио тренинг истиот ден.
  • 50% од храната која внесувате во текот на денот трудете е да биде свежа и непорцесирана.
  • Овошјето е здраво, но со него не претерувајте затоа што содржи многу шеќери. Фокусирајте се повеќе на свеж зеленчук.
  • Пијте задолжително многу вода! Исклучете ги газираните пијалаци и сите џусови. Ограничете го и внесот на кофеин. Пијте најчесто вода, сок од лимон или пак незасладени чаеви.
  • Ограничете го внесот на јаглехидрати. Не ги исклучувајте целосно, но намалете го нивниот внес. Јадете јаглехидрати наутро, а трудете се ручекот и вечерата да бидат претежно протеински. За ручек или вечера јадете месо, риба или јајца во комбинација со свежа сезонска салата.
  • Вежбајте!!! Доколку сакате реални и долготрајни резултати запомнете дека физичката активност е клучна во постигнување на оваа цел. Започнете со физичка активност 3 пати неделно во времетраење од 40-50 минути и полека зголемувајте. Задолжително вклучете и кардио активност, но и активност за сила.
  • Запомнете дека мускулите трошат многу повеќе калории отколку масното ткиво. Доколку постојано вежбате и успеете да го зголемите % на мускулно ткиво во телото, тоа ви гарантира зголемена потрошувачка на калории на долгорочен план. Во таков случај еден ред чоколадо нема да биде проблем за вашите килограми J
  • Бидете задоволни и од мали губитоци на тежина, ½ килограм неделно е сосема задоволително доколку слабеењето го правите на здрав начин кој не ве исцрпува.

За крај, останете мотивирани и вложувајте во сопственото здравје. Тоа ќе ве направи не само поубави туку и поуспешни, помотивирани и спремни да се справите со сите предизвици кои ги нуди животот

Можеби ќе ве интересира:

Како физиката активност влијае на менталното здравје?

Afterburn ефект: 5 вежби после кои метаболзимот ќе се забрза дури до 24 часа. 

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *