Појадок за секој ден: Овесни снегулки со семиња и јаболко

Споделете со пријателите

Започнете го денот здраво и така ќе бидете мотивирани да се храните здраво преку целиот ден. За појадок внесувајте храна која ќе ви даде енергија, храна богата со хранливи нутритиенти кои го будат и дигестивниот тракт, но и умот.

Овесна каша е секогаш добар избор, а еве и зошто:

  • го намалува нивото на холестерол
  • го регулираат нивото на шеќер во крвта
  • го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2
  • го помага слабеењето
  • го зголемува имунитетот
  • го намалува ризикот од појава на канцер.

Ако ова беше доволно за да ве убедиме, еве го предлогот за денес:

Овесни снегулки со семиња и јаболко

Потребни состојки:

  • 4 супени лажици овесни снегулки
  • 200 ml млака вода или некое растително млеко (рецепт како да си подготвите сами)
  • 2 супени лажици мелена мешавина од лен, сусам, семки од тиква и семки од сончоглед
  • мала лажичка мед
  • 1 рендано јаболко
  • малку цимет (по желба).

Начин на подготовка:

Со млаката вода или со растителното млеко потопете ги овесните снегулки, потоа додадете ја мешавината од семиња, медот, ренданото јаболко и на крај циметот. Измешајте убаво и оставете 15 минути да постои. Тоа е доволно време овесните снегулки да ја впијат течноста.

Уживајте во утрото!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *