Како да ја одржите линијата за време на годишниот одмор?

Цела година напорно се трудите да ги намалите тие 7-8 kg вишок и конечно успеавте во тоа. Заминувате на годишен одмор среќни затоа што успеавте да ја добиете посакуваната фугура. Годишниот одмор за многумина значи опуштање до максимум и храна во изобилство. Целта не ни е да ве тераме да броите калории и да гладувате, туку преку едноставни трикови кои ви ги споделуваме подолу да успеете да си ја задржите линијата за време на годишниот одмор.

1) Пливајте

Додека се разладувате во езерото или морето, искористете ги тие моменти за да пливате и да го активирате целото тело. Пливањето е активност која согорува најмногу калории, околу 500 до 700 калории на час, во зависност од тежината на телото. Вежбите во вода се исто така одлични за тонирање на телото. Пробајте да трчате во вода, тоа е одлична вежба за вашите нозе.

2) Направете си краток утрински тренинг

Направете кратко утринско истегнување, неколку стомачни, чучнувања, планк или склекови. На тој начин ќе го разбудите телото и ќе си го забрзате метаболизмот. Погледнето го видеото подолу – вежби за стомак на плажа.

3) Направете утринска прошетка

Утринската прошетка покрај брегот на некое море или езеро е една од најубавите работи за опуштање на мозокот и смирување на мислите. Практикувајте ја оваа прошетка на гладен стомак за да согорите уште неколку калории  и да го забрзате вашиот метаболизам преку целиот ден.

4) Активно сончање

Сончањето со книга во раце е релаксирачко но, интересен начин да го направите сончањето позабавно е да учествувате во бројните спортови на плажа како одбојка, фудбал, тенис на песок и слично. На овој начин ќе добиете добар тен, а воедно и одличен кардио тренинг.

5) Јадете повеќе риба и морски плодови

Месото кое потекнува од риба или морски плодови има најмалку заситени масти од сите видови месо, а воедно е полно со протеини. Морските риби како лосос, бакалар, сардина и скуша се богати со есенцијалните омега-3 масни киселини кои се неопходни за правилна работа на мозокот и срцето, а исто така помагаат и против депресија.

6) Јадете овошје и зеленчук

Добро навика, не само за годишниот одмор, е да јадете зеленчук со секој оброк. Освен што ќе ги добиете потребните витамини и минерали, зеленчукот ќе помогне да се чувствувате сити без многу храна поради содржината на хранливи влакна.

Овошјето е највкусниот начин да се хидрирате во летниот период, кога потребите за вода на телото се од два до четири пати поголеми во однос на зимата. Јадете овошје помеѓу оброците како здрава ужина. Преферирајте ги овошките како лубеница, диња, праска кои во најголем процент содржат вода и се ниско калорични.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *