Оригано – зачин со најсилни антиоксидантни својства

Споделете со пријателите

Ориганото е уште еден од зачините кои се користат во скоро секоја кујна, а има навистина големи бенефити и придобивки по здравјето.

  • силен антиоксидантен агенс

Една од активните состојки на ориганото, односно розмаринската киселина е многу силен антиоксидантен агенс. Ориганото се смета за еден од зачините со најголеми антиоксидантни особини. Само за споредба една мала лажичка оригано содржи исто толку антиоксиданси колку што содржат 100 g брокули.

  • силен антимикробен агенс

Ориганото содржи и карвакол и тимол, две исто така активни фитохемикалии со силни антимикробни својства. Истражувањата покажуваат дека есенцијалното масло од ориганото може да убие многу бактерии вклучувајки ги и тие најопасните MRSA, исто така есенцијалните масла од ориганото можат да убијат и некои типови на кандида.

  • антивирусни својства

Ориганото има и антивирусна активност па се препорачува да се користи и кај настинки и грипови за да ги олесни симптомите.

  • антиканцерогена активност

Постојат и студии со кој се докажува и антиканцерогената активност на ориганото која потекнува од супстанца позната како карносол.

  • силен анти-инфламаторен агенс

Исто така ориганото содржи и бета-кариофилин, супстанца која ја инхибира инфламацијата што е особено значајно ако се има во предвид дека инфламаторните болести се се почести меѓу популацијата.

Од страна на FDA ориганото е класифициран како безбеден зачин за употреба и не постојан ограничувања во однос на дневната препорачана доза, сепак не треба да се претерува.

Овој зачин е безбеден и кај трудници доколу се користи како зачин. Примена на суплементи и додатоци во исхраната на база на оригано кај трудници треба да биде во консултација со доктор или фармацевт.

Несакните реакции од ориганото се многу ретки, но доколку се користи во многу големи дневни дози може да предизвика кожни рекации како црвенило и осип.

Додадете го во вашата пица, салата, макало, а можете да го посипете и на тост со сирење, да го ставите во сосот со месо и сл.

Ориганото има толку ароматичен вкус што на храната и дава многу специфична арома без дополнителни калории.

Можеби ќе ве интересира: 7 супер зачини за слабеење и подобро здравје.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *