Здрави палачинки со банана и овесни снегулки

Палачинките се омилен десерт на кој неможат да одолеат ни децата, а ни возрасните. Но, што мислите за една здрава и многу брза варијанта на палачинки?

Потребни состојки:

  • 1 зрела банана
  • 1 чаша млеко (може кравјо, но може и бадемово или кокосово)
  • 2 чаши овесни снегулки
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • ванила вкус (по желба)
  • 1 супена лажица мед (по желба)

whole-wheat-banana-pancakes-1

Начин на подготовка:

Во блендер избленирајте ја бананата, млекото и овесните снегулки. Потоа додадете го јајцето и сода бикарбоната и повторно блендирајте. Ако се одлучите за ванилата и медот ставете ги, па продолжете со блендирање уште неколку секунди. На тефлонско тавче ставете од кокосовото масло и убаво загрејте го, па потоа испржете ги палачинките на стандарден начин.

Послужете ги со домашен џем од малини и јагоди или со чоколаден путер од бадеми во комбинација со свежо сезонско овошје.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *