Идеален десерт: Здрави овесни палачинки со пире од јаболка мед и цимет

Овие овесни палачинки не се нов рецепт, но секој пат кога ќе ги направам се се подобри и подобри од претходниот пат. Вкусни се да ги јадете и без било каков фил. Рецептот за нив пронајдете го тука.

Најчесто кога правам овесни палачинки ги комбинирам со домашна нутела (рецепт), но сега решив да биде нешто што ќе биде и благо, но во исто време и кисело за да им даде малку свежина. Пирето од јаболка беше прав погодок – вистинско есенско уживање!

Рецепт за пире од јаболка мед и цимет

Потребни состојки:

  • 3 поголеми јаболка
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица кокосово масло
  • малку цимет.

Начин на подготовка:

Јаболката излупете ги и изрендајте го на ситната страна од рендето. Во тавче на оган на тивко ставете да се стопи кокосовото масло и потоа додадете ги јаболката. Пропржете ги дури да омекнат и тргнете ги од оган. Почекајте малку пирето да се излади и додадете го медот и циметот.

Со ова пире премачкајте ја секоја палачинка и редете ги една врз друга. Доколку сакате можете да додадете и мелени лешници и сува брусница.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *