Направете сами: Паста за заби од кокосово масло

Споделете со пријателите

Познато е дека кокосовото масло има антимикробно дејство. Во минатото ова масло се додавало на готовите прехранбени производи и служело како конзерванс. Подоцна со развојот на хемијата во прехранбената индустрија се повеќе се вклучувале хемиските конзерванси кои се појаки и ја одржуваат храната свежа подолго време, но од друга страна се штетни и опасни за телото.

Едно истражување утврдило дека кокосовото масло може да инхибира развој на Streptococcus mutans, бактерија која предизвикува расипување на забите. Кокосовото масло се препорачува и доколку имате кандида во устата затоа што делува и антигабично. Но, освен за козметички цели ова масло е одлично и за целокупното здравје. Кокосовото масло помага и во одржување на здрава цревна микро флора.

Еве што ќе ви биде потребно за сами да си направите паста за заби од кокосово масло:

  • ½ чаша кокосово масло или 4-5 супени лажици
  • 2-3 мали лажички сода бикарбона
  • 15-30 капки етерично масло од нане.

Начин на подготовка:

Растопете го кокосовото масло на пареа и кога целосно ќе стане течно додадете ги другите состојки. Складирајте ја пастата во мала стаклена тегличка и оставете ја да се олади.

Користете ја за миење на забите.

Можеби ќе ве интересира: 5 начини како да го користите кокосовото масло за здравје и убавина.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *