Пилатес вежби со топка кои ќе го зацврстат вашето тело

Вежбите со топка се одлични доколку имате проблеми со грбот. Континуирано вежбање на оваа дисциплина ќе ви помогне да постигнете подобро држење на телото, помалку болки во грбот, подобра рамнотежа и координација, подобрена сила и флексибилност како и поголема мобилноста на зглобовите.

Овој револуционерен метод на вежби со топка има за цел постигнување на кондиција преку вежби со низок интензитет, но со голема ефикасност. Со помош на пилатес методата на топка се урамнотежува телото преку развивање на површните долги мускулни групи, јакнење на слабите длабоки мускулни групи, правилно држење, подвижност и стабилност на ‘рбетот. За разлика од било кој друг дел од опремата за вежбање пилатес, топката нема стабилна основа. Одржување на рамнотежа на нестабилната топка ангажира многу длабоки мускулни групи – стабилизатори. Голем дел од овие мускули премалку ги користиме, што доведува до највообичаени повреди на колената, зглобовите, ‘рбетот и раменскиот појас. Повеќе за  тоа кои се предностите од вежбањето пилатес со топка, прчитајте тука.

Ако дома имате пилатес топка, а незнаете како да ја искористите, во продолжение погледнете го видеото. Најдете околу 40 минути во денот и посветете си ги себеси.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *