З дневен план за детоксикација од шеќери

Споделете со пријателите

Дали понекогаш сте размислиле малку подлабоко во која мера храната што ја јадеме влијае на здравјето, убавината и на тоа како се чувствуваме?

Исхраната е клучот до оптимално здравје, убава кожа, свеж изглед и енергија.

Зошто шеќерот е штетен и зошто е еден од главните причинители на многу болести?

Негативниот ефект на шеќерот врз здравјето потекнува од ефектот кој истиот го има врз инсулинот. Имено инсулинот е хормон кој има за цел “да го смести во клетките” внесениот шеќер. Во моменти кога внесуваме премногу шеќер телото започнува веднаш да лачи многу инсулин и нивото на шеќер во крвта нагло опаѓа. После многу краток период кога инсулинот “ќе си ја заврши работата” нивото на шеќер во крвта нагло се намалува што предизвикува глад и чувство повторно да посегнете по нешто слатко. Кога внесувате храна која има низок гликемиски индекс и не предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин, флуктуациите во нивото на шеќер во крвта се мали и токму поради тоа немате напади за глад и чувство постојано да грицкате.

Најголемиот проблем со шеќерот се јавува кога клетките ќе станат резистентни на инсулин (дијабетес тип 2) и нивото на шеќер во крвта не се намалува. Покачениот шеќер во крвта е тивок убиец и предизвикувач на многу хронични болести (артериосклероза, проблеми со бубрезите, кардиоваскуларни проблеми и сл.).

Другиот негативен ефект на шеќерот е можноста истиот да се конвертира во масти (доколку се внесува во вишок) и да се таложи како масно ткиво. Дебелината е проблем на современото живеење и многу болести и проблеми со здравјето се предизвикани од вишок килограми.

Кога зборуваме за шеќери не мислими само на чоколади и слатки. Многу шеќер има и во овошјето, лебот, тестенините, белите пецива, во сосови, грицки и сл.

3 дневна детоксикација од шеќери е одличен подарок за вашето тело. На тој начин ќе успеете да го изрегулирате нивото на шеќер во крвта, да намалите 1-1.5 kg и да се чувствувате полни со енергија.

Во продолжение 3 дневен план за исхрана и прочистување на телото од штетните шеќери.

Во овие 3 дена не треба да јадете овошје и да внесувате било какви продукти од брашно. Исто така не треба да внесувани  компир, ориз, грав, грашок, леќа и млечни производи. Од овошје дозволено е само цеден сок од лимон со ½ лажичка цимет. Циметот е богат со полифеноли кои ја имитираат биолошката функција на инсулинот и помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Секој ден после будењето напијте се лимонада со вода и цимет. После појадокот напијте се кафе, но без млеко и додатоци. Помеѓу оброците пијте многу вода и трудете се да не грицкате. Доколку ве фати голема “криза” можете да посегнете по неколку бадеми или лешници.

Ден 1

Појадок: 2 варени јајца, 1 краставица, 1 домат и 10-тина бадеми.

Ручек: околу 200-300 g динстано пилешко месо во комбинација со печен зеленчук (тиквичка, модар патлиџан, кромид и морков).

Вечера: зеленчукова супа (рецепт, пронајдете тука).

Ден 2

Појадок: 2 варени јајца, салата од зелка, морков, краставица, 1 лажица ленено семе и 1 лажица сусам.

Ручек: 200-300 g динстано немасно свинско месо, салата од марула, рукола и свеж спанаќ збогатена.

Вечера: пржени тиквички и печурки (200-300 g) со многу малку маслиново масло во комбинација со свежа салата по ваш избор.

Ден 3

Појадок: мала конзерва туна, зелена салата, 10-тина бадеми.

Ручек: динстано јунешко месо (200-300 g) во комбинација со печени пиперки и салата од краставица, домат и кромид.

Вечера: омлет од 4 белки со тиквичка и младо кромитче (тиквичката и кромидот ситно насечкајте ги и пропржете ги, па додадете ги белките), комбинирајте го омлетот со свежа салата по ваш избор.

Салатите зачинувајте ги со маслиново масло, лимонов сок или јаболков оцет и со хималајска сол. Исто така во готвењето користете само маслиново масло.

Никако не заборавајте во овие три дена да пиете многу вода. Можете да пиете и незасладени чаеви. Ограничете го кафето на две кафиња во текот на денот и трудете се да имате барем по 3-4 часа помеѓу секој оброк.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *