Овој пат рецептот е навистина едноставен и сигурни сме дека ќе ви се допадне. Гранола со бадемово, кокосово млеко или пак со јогурт е одличен избор за појадок полн со хранливи нутритиенти, витамини и минерали. За да ја подготвите домашната гранола ќе ви бидат потребни само 4 намирници и тоа:
- 200 g овесни снегулки
- 100 g путер од кикиритки
- 2 супени лажици мед или агаве сируп
- 100 g сецкани несолени и непечени бадеми
Доколку сакате по ваша желба можете да додадете и суво овошје по избор или цимет.
Начин на подготвка:
Сите намирнци ставете ги во подлабок сад. Доколку путерот од кикиритки е многу цврст оставете го на собна температура да омекне. Потребно е на крај да добиете леплива и хомогена смеса.
На хартија за печење истурете ја смесата и оставете ја да се суши во рерна на температура од 150°С околу 30 минути. Повремено проверујавте и со лажица промешувајте. На крај оставете да се олади и сладирајте ја гранолата во стаклен сад.
Вака подготвената гранола е одлична за појадок. Измешајте 3 супени лажици со малку јогурт или бадемово мелко, додајте неколку тркалца банана и неколку зрна боровинки и уживајте во утрото!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.