Полна чинија здравје – високо хранлив појадок за енергичен ден

Појадокот е несомнено еден од најважните оброци во денот. Повеќето нутриционисти препорачуваат првиот утрински оброк да биде богат со јаглехидрати, ручекот да биде комбинација од јаглехидрати и протеини, додека вечерата да биде резервирана за протеински намирници.

Јаглехидратите многу лесно се апсорбираат, а доколку се сложени подолго време ја ослободуваат енергијата и затоа се идеални за појадок.

Овесните снегулки се идеална јаглехидратна намирница за појадок затоа што се полни со нерастворливи растителни влакна и сложени јаглехидрати, па подолго време ве одржуваат сити. Исто така овесните снегулки се богати и со протеини. (Прочитајте повеќе).

Освен овесните снегулки за појадок идеални се и семињата и јаткастите плодови затоа што содржат висококвалитетни масти и се богати со омега-3 масни киселини кои го чуваат кардиоваскуларното здравје.

Како да подготвите високо хранлив појадок за енергичен ден?

Потребни состојки:

  • 2 супени лажици овесни снегулки (кои претходната вечер сте ги оставиле да накиснат во вода)
  • 1 мала лажичка мелено ленено семе
  • 1 мала лажичка сусам
  • 7-8 бадеми или ореви
  • малку суво овошје по желба (брусница, суво грозје, суви сливи или пак суви гоџи бобинки) или свежо овошје (банана, јаболко, мандарина и сл.)
  • 1 мала лажичка мед
  • малку цимет (по желба)
  • 1 мала лажичка кокосово масло
  • 50 ml вода или бадемово/ оризово/ соино/ кокосово млеко (додадете течност само онолку колку што е потребно состојките убаво да се измешаат)

Начин на подготовка:

Сите состојки убаво измешајте ги со лажица и уживајте во утрото!

Кои се предностите од овој високо хранлив појадок?

Јаткастите плодови ја подобруваат работата на кардиоваскуларниот систем, но го зголемуваат и нивото на серотонин во телото, што помага полесно да се справите со депресијата и нервозата. Оревите ги задоволуваат дневните потреби за минерали затоа што се богати со магнезиум, цинк, сулфур, фосфор, јод, незаситени масни киселини и витамини. Бадемите покрај незаситените масни киселини се најбогати со калциум споредено со другите јаткасти плодови.

Сувото овошје и овесните снегулки се богати со сложени јаглехидрати. Сувото грозје и сувата брусница содржат многу антиоксиданси. Овесот покрај сложените јаглехидрати содржи и високо вредни материи кои се од исклучителна важност за нашиот организмот. Тој содржи јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин и бројни витамини.

Кокосовото масло е богато со незаситени масти и многу омега-3 масни киселини. Кокосовото масло ја зголемува одбрамбената способност на организмот, го зголемува нивото на HDL холестеролот, има неверојатна моќ врз функционирањето на тироидната жлезда, а исто така помага во подобро функционирање на целокупниот кардиоваскуларен систем.  Кокосовото масло многу лесно се апсорбира и содржи помалку калории од другите билни масла. Посебно е ценето поради тоа што дава чувство на ситост и го забрзува метаболизмот.

Медот е високо квалитетна намирница богата со повеќе од 60 различни хранливи материи кои го чуваат здравјето. Иако медот содржи прости шеќери, сепак комбинацијата од глукоза и фруктоза не дозволува брзо покачување на нивото на шеќер во крвта. Медот помага во обновување на залихите на гликоген во црниот дроб и мускулите и е идеален за спортисти. (Прочитајте повеќе за составот на медот).

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *