Придобивки од употребата на цимет

Циметот е еден од зачините кои се смета за вид на лек. Посебно докажана е способноста на циметот да го намали нивото на шеќер во крвта, но тоа не е сѐ. Проверете кои се негови својства и дознајте ги придобивките од неговата употреба.

1. Го намалува нивото на шеќер во крвта

Циметот делува директно врз клетките и ги стимулира да го искористат шеќерот од крвта при што се ослободува енергија. Некои истражувања покажуваат  дека циметот во овој поглед е многу поефикасен отколку лековите. Докажано е, на пример, дека циметот може да го намали нивото на шеќер во крвта и до 29%. Ако се додаде и фактот дека циметот ја зголемува чувствителноста на клетките на инсулин, тоа сигурно го прави важен во исхрана за спречување на дијабетес.

2. Позитивно влијае врз нивото на холестерол

Циметот го зголемува нивото на HDL “добриот” холестерол, кој пак помага LDL “лошиот” холестерол да се отстрани од организмот. Исто така, ако се конзумира редовно, циметот може да помогне да се намалат лошите ефекти од оброкот со многу масти, така што на овој начин се забавува акумулација на шеќер во крвта после оброк.

3. Делува антивоспалително

Конзумирањето на цимет може да ги намали воспаленијата во организмот, кои може да предизвикаат хронични болести. Со додавањето на цимет во исхрана може да се заштитите од воспаленија, но и да ги намалите  главоболките и специфичните болки како оние од артритис. Циметот помага и во подобрување на цирклулацијата, што е особено важно кај болести како артритисот.

cinnamon-wallpaper-hd-1

4. Корисен во случаи на Алцхајмерова и Паркинсонова болест

Овие две невролошки заболувања, засега се неизлечиви, така што сите нешта кои може да доведат до ублажување на нивните симптоми се добредојдени. Докажано е дека циметот има корисен ефект врз нервите и помага во подобрување на моторните функции кај пациентите кои страдаат од овие болести.

5. Го ублажува симптомот на полицистични јајници

Една неодамнешна студија покажала дека циметот ја намалува резистенцијата на инсулин кај жените кои страдаат од полицистични јајници. Покрај ова, циметот помага и во намалување на преобилното менструално крварење.

6. Помага во губење на килограмите

За циметот се верува дека помага во губењето на килограми со тоа што ја подобрува циркулацијата на крвта во телото. Добрата циркулација генерално го подобрува работата на метаболизмот и затоа циметот е одличен сојузник во борбата за губење на килограми.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *