Природни лекови против настинка

Со пристигнувањето на есента, започнува и сезоната на настинките. Најдобра опција за превенција е јакнење на имунитетот пред да настапи периодот на настиките. Но, кога неможете да ја избегнете настинката, пред да посегнете по антибиотик пробајте со некои приородни алтернативи кои се покажале како многу ефикасни. Ви споделуваме неколку совети кои може да ги искористите за превенција или лекување на настинката и грипот на природен начин.

Жабуркање со масло

Жабуркањето со масло потекнува од еден од најстарите холистички системи за лекување наречен Ајурведа кој настанал во Индија. Механизмот на делување на маслото е така што бактериите и другите микроорганизми во вашето грло ќе се залепат на маслото и на тој начин ќе ги исфрлите.

Процесот е едноставен:

  • Ставете една кафена лажичка масло во устата, по можност кокосово масло бидејќи тоа има дополнителни антибактериски својства, а и вкусот е одличен.
  • Не го голтајте маслото.
  • Движете го маслото низ грлото и низ целата уста. Помеѓу забите и околу жлебината.
  • На крајот исфрлете го маслото и измијте си ја устата со млака вода.

Инхалација

Постојат два вида на инхалација, топла и ладна инхалација. За ладна инхалација потребен е инхалатор, но топла инхалација можете сами да си направите на следниот начин:

Во мало тенџере ставете две чаши вода заедно со листови од босилок, камилица, нане или пак капки од еукалиптус  и ставете го да зоврие.

Откако ќе зоврие земете чиста крпа, ставете ја над главата и застанете над тенџерето. Вдишувајте ја пареата што испарува околу 5 минути.

Конзумирајте Витамин Ц

Овој витамин не се бори директно против бактерите, но му помага на вашето тело преку зајакнување на имунитетот.

Природни извори на витамин Ц се: лимони, портокали, црвени и зелени пиперки, киви, спанаќ и други.

c

Природен јаболков оцет

Природниот јаболков оцет покрај тоа што е добар за слабеење, може да ви помогне и против настинка. Иако е кисел, јаболковиот оцет помага во одржување на оптимална pH вредност во вашето тело. Во тело со избалансирана pH вредност, вирусите и бактериите не можат да преживеат.

Сепак вкусот на оцедот е далеку од пријатен, затоа препорачуваме јаболковиот оцет да го растворите во чаша млака вода и да додадете мед по вкус.

Природен органски мед

Медот исто така содржи витамин Ц, но и директно го смирува вашето грло. Можете да го конзумирате директно или пак да го растворите во вода заедно со лимон или јаболков оцет. Медот не давајте го на деца под 1 година.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот содржи “gingerol” тоа е состојка од истата фамилија како и “capsaicin” (кој се наоѓа во чили зачинот) и “piperine” (кој се наоѓа во црниот бибер). Овие состојки директно делуваат на затнатоста во пределот на синусите и ја намалуваат инфламацијата на слузокожата. За подготовка ќе ви бидат потребни:

  • 6-8 кафени лажички изрендан ѓумбир
  • 300-500 ml вода
  • мед (по желба)
  • цимет (по желба)
  • сок од лимон (по желба)

Начин на подготовка:

Ставете го ѓумбирот заедно со циметот(ако го користите) во празна чаша. Во друг сад загрејте ја водата додека да зоврие. Потоа ставете ја водата во чашата со ѓумбирот и поклопете ја одозгора. Ова нека отстои од 30 до 40 минути, потоа прецадете го во нова чаша. После овие 30 минути чајот можеби ќе се олади, затоа можете да го загреете повторно или пак да додадете уште малку топла вода. Доколку вкусот ви е премногу интензивен додадете мед или сок од лимон. Пијте го полека и обидете се да го задржите што повеќе на грлото.

Нане

Подгответе си топол чај или пак искористете  ги листовите од нането за топла инхалација.

mint-tea

 Топла купка за нозе со морска сол

Подгответе си релаксирачка топла купка за нозете која ќе ве опушти и ќе ве затопли. Во легенче ставете топла вода и додадете 100 g морска сол. Бидејќи водата ќе се лади како што ќе минува времето, постојано додавајте од потопла вода која ќе стои до вас во друг сад.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *