Природни маски за коса

Негувана и сјајна коса е сон на секоја жена. Но, секако дека ваквата коса бара нега, внимание и посветеност. Честото фарбање, фенирање, пеглање и средување врз косата оставаат последици како: испукани врвови, сува и оштетена коса. Природните маски подготвени во домашни услови од природни соостојки кои веќе ги имате во кујната не бараат многу труд, а имаат навистина позитивно дејство.

Потхранувачка маска за сите типови коса
Потребни состојки: една жолчка, една супена лажица маслиново масло, една супена лажица сок од лимон и една мала лажичка мед. Сите наведени состојки се мешаат дури смесата не стане хомогена, потоа со помош на четка маската се нанесува на целата коса од коренот до врвовите. Се остава да делува 30 минути, потоа косата нормално се мие со шампон.

Маска за сува коса
Потребни сосотојки: чаша јогурт и едно јајце. Јајцето изматете го и измешајте го со јогуртот. Пред миење косата добро намачкајте ја со оваа мешавина и завиткајте ја во пешкир. Држете ја маската 20 минути, потоа добро измијте ја косата.

Маска за нормална коса
Потребни сосотјки: 100 g мајонез. Мајонезот добро втријте го во косата, покријте со топол пешкир и држете 30 минути. Потоа косата измијте ја со шампон и добро исплакнете.

Лосион за миење на мрсна коса
Потребни состојки: 100 g суви листови од коприва и 1 L вода. Листовите од коприва варете ги до вриење, тргнете ги од оган и почекајте да се излади. На крај после миешето на косата со шампон, нанесете го лосион од коприва на косат, убаво втријте го и не плакнете.

Практикувајте некоја од наведените маски барем еднаш неделно. Комбинирајте ги маските и ќе го почувстувате вистинскиот бенефит. Најмалку два пати во месецот пружајте и ја на вашата коса потхранувачаката маска. Доколку косата лесно ви се масти практикувајте го лосионот од коприва после секое миење, дополнително копривата го јакне коренот и го намалува опаѓањето на косата. Маската за нормална коса со мајонез е навистина едноставна и можете да jа практикувате во секое време.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *