Имате проблеми со хормоните, дали знаете дека спасот е во трчањето и физичката активност?

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат жените се хормонските пореметувања. Иако постојат повеќе облици на хормонски нерегуларности, сепак најзастапени хормонски пореметувања се оние на репродуктивниот систем. Тоа најчесто се манифестира како изостанок на менструација, нередовен менструален циклус или одредени крварења во средината на циклусот.

Дали постои поврзаност помеѓу женското полово здравје и физичката активност?

Одговорот е Да. Во текстот подолу прочитајте зошто.

40 year old runner working out, part of a series of sports images.

Каква е врската помеѓу масното ткиво и ендокриниот систем?

Изостанок на менструација, или аменореа, кај млади и здрави жени вообичаено е знак за бременост. Но, доколку не станува збор за бременост, а сепак менструалниот циклус доцни, во прашање е хормонско пореметување. Појава на крварења на среднина на циклусот вообичано е знак за хормонски дисбаланс во женските полови хормони, иако ретко кај одредени особи овулацијата може да биде пропратена со слабо крварење.

Пубертетот претставува значаен “настан” во животот, кога настапува половата зрелост и кај двата пола. Тогаш доаѓа до многу физички промени во телото, но истовремено и психички. Ендокрините жлезди во телотото се тесно поврзани, а пубертетот е важен затоа што со него доаѓа до активирање на хормоните и целосно полово созревање на телото. Масното ткиво е дел од ендокриниот систем и има важна улога во хормонската рамнотежа. Всушност потребно е телото да има одреден процент на масно ткиво за да дојде до почеток на пубертетот. Докажано е дека девојчињата кои имаат повеќе масно ткиво порано влегуват во пуберетет. Тоа значи дека масното ткиво, односно неговиот процент во телото има влијание врз стартот на пубертетот.

Работата на сите ендокрини жлезди (жлезди со внатрешно лачење) е поврзана. Раководител на сите жлезди е хипоталамусот кој се наоѓа во мозокот. Како помошник на хипоталамусот се јавува хипофизата која е сместена во негова непосредна близина и има улога да ја координира работата на повеќето жлезди во организмот. Ендокрините жлезди, хипоталамусот и хипофизата фукнционираат преку негативна повратна спрега. Тоа значи дека кога нивото на некој хормон во крвта ќе се намали, ниската концентрација на тој хормон го стимулира хипоталамусот да лачи друг хормон кој ја стимулира хипофизата. Хипофизата со своите хормони директно влијае врз жлездата која е одговорна за лачење на хормонот кој го има во ниска концентрација во крвта.

Кога е во прашање репродуктивниот систем, таму хормоните се лачат циклично и по точно утврден редослед и затоа нормалниот менструален циклус вообичаено трае 28 дена. 

Синдром на полицистични јајници

Синдромот на полицистични јајници е најчест облик на хормонско пореметување кое предизвикува нерегуларности во менструалниот циклус. Иако не мора да значи дека секоја жена што има полицистични јајници има пореметувања во ментруалниот циклус, а исто така не мора да значи и дека доколку имате пореметувања во ментруалниот циклус имате синдром на полицистични јаници.

Синдромот на полицистични јајници е застапен кај 8-12% од женската популација. Повеќе од 50% од жените кај кои е дијагностицирана оваа состојба се жени со вишок килограми. Ова состоба може да го поремети квалитетот на животот кај жените бидејќи нормалниот ментруален циклус и нормално репродуктивно здравје претставуваат значаен сегмент од животот на жените.

Третманот на овој синдром е воглавно медикаментозен, а понекогаш и хируршки. Многу од жените пијат лекови кои им помагаат, но сепак ниту еден лек не е без несакани дејства така што медикаметозниот третман секогаш се става под знак ?

Hand holding pills

Освен медикаментозната терапија постојат литературни податоци дека гојазноста и последователната инсулинска резистенција се важен сегмент кај третманот на синдромот на полицистични јајници. (прочитајте повеќе)

Прва линија на третман – регулирање на исхраната и аеробна активност

Всушност намалување на телесната тежина доведува до значајно регулирање на состобата со полицистични јајници. Аеробниот тренинг ја зголемува сензитивноста на инсулинот, со што се подобрува метаболизмот, а сето тоа помага во регулирање и контрола врз хормоните и менструалниот циклус.

Многу научници и достапни литературни податоци во врска со оваа проблематика говорат дека прва линија на треман кај синдромот на полицистични јајници треба да биде редукција на телесната тежина односно промени во исхраната во комбинација со аеробна физичка активност. Но, и кај жени кои не се гојазни, а имаат синдром на полицистични јајници физичката активност има важна улога во хормонската рамнотежа.

Заклучок:

Заклучокот од сето тоа е дека трчањето како аеробна активност доведува до намалување на телесната тежина и процентот на масно ткиво во телото. Тоа е наједноставен, најприроден и најекономичен пристап за аеробна активација на телото и постигнување на одлични резултати во редукција на телесната тежина. (прочитајте повеќе за трчањето)

Исто така и аеробикот е одлична активност за намалување на телесната тежина, како и пешачење, возење велосипед и сл. Сето тоа во комбинација со урамнотежена исхрана влијае на хормонскиот статус и нормалното функцинирање на жледзите во телото.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *