Пролетна салата со булгур

Споделете со пријателите

Булгурот е многу повеќе од обична житарка. Се добива со варење, дехидрирање и кршење на пченичните зрна така што времето за подготовка е навистина кратко, помалку од 10 минути. Булгурот можете да го најдете во продавниците за здрава храна, но и во поголемите маркети по навистина достапна цена. Ако ви се допаѓа вкусот на убаво сварен ориз чии што зрна се делат, тогаш сигурно ќе го сакате булгурот.  Освен што брзо се приготвува изобилува и со многу диететски влакна, магнезиум и витамин Б6.

bulgur-wheat-all-natural-e1440794181744

Во прилог рецепт за подготвување на  здрава пролетна салата со булгур.

Потребни состојки (за двајца):

  • 200 g булгур
  • 5-6 листови свежа зелена салата (марула)
  • 5-6 листови свеж спанаќ
  • 1 младо кромидче
  • 1 морков
  • 2 ротквици
  • 1 краставица
  • парче сирење (по желба)
  • маслиново масло
  • зачини (сол, бибер, оригано)
  • сок од лимон или јаболков оцет.

Начин на подготовка:

Во 500 ml вода што врие ставете го булгурот. Варете дури  водата не се впие целосно и булгурот не омекне, за што му се потребни максимум 10 минути. Зеленчукот насечкајте го на ситни парчиња и потоа измешајте го со сварениот булгур. Зачинете по желба. Дополнително можете да додадете и сирење исечкано на коцки.

Оваа салата може да ви биде идеален и лесен ручек или вечера. Со ваков лесен ручек нема да се чувствувате прејадено или надуено, а дополнително ќе внесете и многу хранливи материи и витамини.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *