Пудинг од тиква и овесни снегулки

Тиквата е нискокалоричен зеленчук, богата е со растителни влакна и витамин А. Нејзината портокалова боја укажува на големото количесто на бета-каротен, кој е еден од прекурсорите на витамин А. Тој има важна улога како антиоксиданс со тоа што го превенира оштетувањето на клетките од слободните радикали. Соодветни количини од овој витамин се важни за добар вид и  правилно функцирање на имунолошкиот, скелетниот, респираторниот и репродуктивниот систем, како и сврзното ткиво (кожа, коса и нокти). Од тиква можат да се направат најразличи јадења. Калориската вредност на тиквата е само 83 калории во 100 грама.

shutterstock_114446023

Во продолжение ви пренесуваме рецепт како да подготвите Пудинг од тиква и овесни снегулки со суво грозје. Количината на употребените намирници е доволна за 4 пориции.

Потребни состојки:

  • 1 помала тиква,
  • 1 чаша овесни снегулки,
  • 2 супени лажици сечкани ореви или бадеми,
  • 2 супени лажици суво грозје,
  • 2 супени лажици мед,
  • малку мелен цимет.

Подготовка:

Сварете ја или испечете ја тиквата и од внатрешноста направете убаво пире. Потоа во сад зовријте една и пол чашка вода и ставете ги овесните снегулки. Варете дури не ја апсорбираат целата вода. Потоа во садот со овесните снегулки додајте го пирето од тиква, оревите, сувото грозје и медот. Убаво измешајте. Смесата ставете ја во чашки и врз секоја чашка ставете малку цимет. Оваа количина пудинг е доволна за 4 порции.

Нутритивната вредност по порција изнесува: 118 kcal, 6 g масти , 30 g јаглехидрати, 4 g диететски влакна и 6 g протеини.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *