Салата од спанаќ со ореви и моцарела

Спанаќот е полн со хранливи материи, вклучувајќи ги железото, калциумот и витаминот А. Тој е исто така богат и со фолна киселина која му помага на телото да создава црвени крвни зрнца. Фолната киселина се препорачува особено во бременоста и тоа во прите три месеци, бидејќи спречува вродени дефекти на невралната туба на фетусот.  Конзумирајте го почесто, во салата, во сендвич, со омлет. 100 g спанаќ содржи околу 25 kcal, околу 500 mg калиум, 100% од дневните потреби за витамин А и 50% од дневните потреби за витамин Ц.

spinach-in-a-bowl-1260x840

Во продолжение ви нудиме рецепт како да потготвите салата од спанаќ со ореви.

Што ви е потребно?

За салатата:

  • 1/2 kg спанаќ, бирајте млад спанаќ со мали ливчиња
  • едно зелено јаболко
  • 50 g моцарела
  • 50 g (околу 1/2 чашка) сечкани ореви

За преливот:

  • 1 супена лажица балсамико оцет,
  • 2 супени лажици сок од лимон,
  • 1 супена лажица ладно цедено маслиново масло,
  • малку црн бибер,
  • малку сол,
  • една мала лажичка сенф.

Оревите ставете ги во тавче на хартија за печење и потпечете ги околу 3 минути на 170 ° С. Спанаќот измијте го и доколку саката исечкајте го поситно, иако може да останат и цели ливчиња. Сиренцето насечкајте го на коцки, а јаболкото на тенки парченца. Сите сосотјки потребни за преливот ставете ги во блендер и мешајте 1 минута. На крај измшајте ги спанаќот, оревите, јаболкото и сирењето и прелијте ги со преливот.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *