Сауна – да или не?

Дали сауната е здрава и дали навистина може да ви помогне кога е во прашање слабеењето?

Прочитајте во продолжение.

Ако сакате да го намалите внатрешниот немир и да се ослободите од стресот, сауната е добар начин за тоа.

Сауната ја подобрува циркулацијата и помага да си ја прочистите и подмладите кожата, но и да ги исфрлите токсините од телото.

Истражувањата покажуваат дека престојувањето во сауна го намалува лачењето на адреналинот што помага во смирување и ослободување од стресот. Исто така сауната може да помогне во намалување на болките кај хроничните заболувања на мускуло-скелетниот систем. Доколку веднаш после престојувањето во сауна се искапете во ладна вода придонесувате за дополнително зголемување на циркулацијата и зголемување на имунитетот. Сето тоа може да помогне кај луѓе кои имаат депресија и константен умор.

Важно е да се знае дека со сауната не треба да се претерува, затоа што изложување на телото на висока температура претставува еден вид на стрес за организмот. Исто така оние кои имаат историја на одредени заболувања би требало првин да се консултираат со својот лекар дали сауната е најдобар избор за нив.

Секој влез во сауна со себе си носи и одредени ризици:

  • може да дојде до исцрпување на организмот поради топлината
  • дехидратација
  • пореметување на рамнотежата на електролитите во телото.

Што треба да знаете пред да отидете во сауна?

  1. Секогаш првин истуширајте се па потоа влезете во сауна.
  2. Не одете во сауна гладни, но не одете ни прејадени, јадете 1-2 часа пред да одите во сауна.
  3. Пред да отидете во сауна не пијте алкохол.
  4. Секогаш носете пешкир со вас.
  5. На подолните клупи топлината е помала, на највисоките е најтопло. Водете сметка за времето кое го поминувате на највисоки клупи имајќи во предвид дека главата е изложена на многу висока температура.
  6. Никогаш немојте да лежите на највисоките клупи веднаш штом ќе влезете во сауна. Дозволете му на телото да се адаптира.

Сауната ја намалува напнатоста и стресот. Позитивно влијае на ревматски болести, артритис, и повредените мускули. Освен што ја подобрува циркулацијата на крвта, ја чисти кожата и ја отстранува нечистотијата. Престојот во сауна ги спречува настинките и грипот и го подобрува имунитетот. Сепак пред да се одлучите да одите во сауна доколку имате одредени заболување задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *