Сладоледот може да биде здрав! 3 рецепти за домашно ледено освежување

Сладоледот е едно од омилените освежувања за време на летните денови. Скоро и да не постои некој кој би одолеал на сладолед. Тоа што може да не замисли дали да јадеме или не се многуте шеќери и калории кои ги содржат готовите сладоледи. Но, затоа наместо да купите готов сладолед, направете си сами. Десертите не треба да бидат забранети дури и ако држите диета, доволно е да бидете умни во изборот. Во продолжение 3 едноставни рецепти за здрав домашен сладолед.

Сладолед со бобинки

  • 150 g смрзнати бобинки (јагоди, малини, капини, рибизли, аронија и сл.)
  • 2 банани
  • 100 g несолени и непечени индиски ореви (киснати во вода минимум 4 часа)
  • 100 ml вода
  • 1 лажица мед (по желба)

Овој сладолед не содржи млечна компонента, така што е идеален за оние кои се алергични на лактоза. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте 2-3 минути дури не добиете убава кремаста структура. Складирајте го сладоледот во соодветен сад и чувајте го во фрижидер минимум 4 часа. Декорирајте по желба.

bobinki

Сладолед со темно чоколадо

  • 3 жолчки
  • 100 g темно чоколадо (минимум 70% какао)
  • 2 супени лажици мед
  • 200 ml бадемово млеко (може и обично)

Чоколадата првин истопете ја на пареа. Во посебен сад измешајте ги жолчките и медот. Потоа во смесата со жолчките полека додавајте го топлото млеко и мешајте. На крај во смесата додајте ја стопената чоколада. Потоа сите состојки убаво измешајте ги и оставете ги на оган до вриење. На крај оставете го да се олади, складирајте го во соодветен сад и чувајте го во замрзнувам минимум 4 часа. Декорирајте по желба.

chocolate-ice-cream

Сладолед со рум

  • 2 замрзнати банани
  • 50 g урми (киснати во рум)
  • 50 ml  рум
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици јаворов сируп или мед
  • по потреба вода (околу 50 ml)

Бананите насечкајте ги на тркалца и оставете ги во замрзнувач преку ноќ. Урмите потопете ги во румот и нив оставете ги преку ноќ да киснат. Следиот ден ставете ги сите состјки во блендер и убаво мешајте дури не добиете убава кремаста и хомогена смеса. Складирајте го сладоледот во соодветен сад и чувајте го во замрзнувач минимум 4 часа. Декорирајте по желба!

vegan-coconut-rum-raisin-ice-cream

Да ве потсетиме: Сладолед со банана и путер од кикирики

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *