Степ аеробик – идеална активност за здраво и убаво обликувано тело

Степ Аеробик е најпопуларна форма на аеробик, која вклучува разновидни движења со употреба на степер и во придружба на мотивирачка музика. Баш поради употребата на степерот, оваа дисциплина е позната како Степ Аеробик. Овој вид на аеробик е посебно наменет за зацврстување и обликување на нозете и задникот, иако степ аеробикот го активира целото тело. Оваа активност пред се ја подобрува  работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Степ аеробикот е погоден за почетници во аеробикот, но и за спортисти, со цел подобрување на аеробната издржливост.

Дали секој може да вежба Степ Аеробик?

Иако првиот впечаток може ќе ви биде дека овој тип на аеробик изгледа тежок, сепак  потребно е да посетите неколку часови за да стекнете сигурност при користење на степерот. Во почетокот не е едноставно затоа што овој тип на аеробик бара поголема аеробна активност на телото, па потребно е да вложите малку напор. Со секој час што ќе го посетите ќе се чувствувате поудобно и посигурно и со степерот, а и со самите себе.

Степ Аеробик часот може да се применува на сите фитнес нивоа. Можете сами да го зголемувате или намалувате интензитетот на вежбите, но тоа секако во договор со инструкторот.

Степ Аеробикот не е наменет за луѓе кои имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем, но сепак во консултација со доктор би можеле и луѓето со кардиолошки проблеми да вежбаат одредени вежби со помал интензитет.

Кој се придобивките од вежбањето Степ Аеробик?

Оваа активност како што напоменавме погоре нуди пред се подобрување на вашата аеробна издржливост и зајакнување на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, но исто така Степ Аеробикот нуди и низа други придобивки:

  • со овој тип на аеробик можете да потрошите дури и до 600 kcal за еден час, што многу би ви помогнало доколку сакате да намалите килограми
  • ќе се чувствувате подобро и ќе го промените изгледот на телото со губење на масните наслаги
  • ќе ја подобрите координацијата и ќе имате повеќе енергија преку целиот ден
  • ќе ја зголемите флексибилноста, силата и издржливоста
  • ќе го подобрите метаболизмот
  • ќе го подобрите квалитетот на спиењето
  • ќе го намалите стресот
  • ќе го намалите срцевиот пулс во мирување и ќе го зголемите белодробниот капацитет, а со тоа ќе го намалите ризикот од кардиоваскуларни забволувања
  • ќе имате чувство на дисциплина во дневниот режим
  • ќе запознаете нови луѓе и ќе стекнете нови пријатели

Каква облека треба да носите за време на вежбањето?

Многу важно е да носите комфорна спортска облека, која нема да ве попречува во движењата. Најдобро е да носите хеланки или шорцеви со маичка или било каква облека во која се чувствувате удобно.

Во Степ Аеробикот има многу странични движења, така што препорачливо е да се вежба со fitness патики или патики за трчање кои ќе обезбедат потребна стабилност на стапалата.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *