Супа од домати

Доматите се моментално најзастапениот зеленчук на зелените пазари. Одлични се за подготовка на освежувачка салата во топлите летни денови. Листата на хранливи материи во доматите е навистина долга, тие изобилуваат со витамини и тоа: А, Ц и К. Црвената боја им потекнува од антиоксидансот ликопен, кој помага при воспаленија и го намалува холестеролот. Гледано калориски домат со средна големина содржи околу 40 kcal.

Освен како свежа салата доматите одлично се комбинираат со секое јадење.

Ви пренесуваме рецепт – супа со домати. Оваа супа е одличен нискокалоричен оброк за ручек или вечера.

Што ви е потребно?

  • 1 kg зрели домати
  • 2 лукчиња, ситно исецкани
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • малку црн бибер
  • малку свеж босилек
  • 1 лажица интегрално брашно
  • 1 компир со средна големина
  • 500 ml вода

Начин на подготовка:

Доматите првин излупете ги и насечкајте ги на ситни парченца. Компирот исто така излупете го и насечкајте го на ситни парченца. Во тенџере на оган ставете го брашното и маслиновиот зејтин и сосема кратко пропржете, па додајте ги насечканите домати и компири. Убаво измешајте и додадете ја водата, варете околу 10-тина минути на тивок оган. Потоа додадете ги солта, црниот бибер и лукчето и оставете да се вари на тивко уште 15-20 минути (проверете дали компирот целосно омекнал). На крај декорирајте со ливчиња свеж босилек и уживајте. (Доколку сакате густа и еднолична смеса, можете да употребите блендер и целата супа убаво да ја изблендирате.)

На здравје !!!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *