Табела со нутритивни вредности на најупотребуваните семиња и јаткасти плодови во исхраната

Сите јаткасти плодови имаат различна здравствена придобивка за организмот. Скоро сите се богати со здрави масти и разни минерали и витамини кои имаат повеќекратни позитивни влијанија врз здравјето. Внимавајте на количината која ја внесувате затоа што овие намирници се навистина здрави, но фактот што содржат поголемо количество на масти во себе ги прави богати со многу калории. Изберете ужинка од јаткасти плодови во количина од еден грст и секогаш одлучете се за несолена и непечена варијанта.

Во табелата подолу се наоѓаат нутритивни информации и калориска вредност на најчесто користените семиња и јаткасти плодови во исхраната. Вредностите се однеусваат на 100 g производ. Секогаш имајте на ум дека различните макронутритиенти ослободуваат различна количина на енергија. Енергетски гледано 1 g протеини ослободува 4 калории, 1 g јаглехидрати исто така ослободува 4 калории, додека 1 g масти ослободува 9 калории.

Намирници (100 g) Калории (kcal) Јаглехидрати Протеини Масти
Бадеми 577 19,7 g 21,3 g 50,6 g
Бразилски ореви 655 12,3 g 14,3 g 66,4 g
Семки од тиква 611 12 g 24,9 g 57 g
Чија семе 486 42,1 g 17,2 g 31,3 g
Индиски ореви 552 30,2 g 18,2 g 43,9 g
Костени 196 44,2 g 1,6 g 1,3 g
Кикиритки 566 16,1 g 25,8 g 49,2 g
Кокос, свеж 354 15,2 g 3,3 g 33,5 g
Ленено семе 534 29,2 g 18,4 g 42,6 g
Лешници 627 16,7 g 15 g 60,8 g
Семки од кајсија 530 5,4 g 23,1 g 46,9 g
Ореви 654 14 g 15 g 65,2 g
Ф’стаци 556 28 g 20,6 g 44,4 g
Сусам 573 23,2 g 18,4 g 50,1 g
Семки од сончоглед 584 20 g 21,2 g 51 g

Eat-more-nuts_187747353_1280x960

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *