Домашен третман за зајакнување на ноктите

Сон на секоја жена е да има убави и негувани раце и нокти. Но, проблемот со слаби и кршливи нокти е се почест помеѓу женската популација. Ви нудиме едноставно решение во домашни услови.

Најлесен начин да ги зајакнете ноктите е секој ден или барем секој втори ден во рок од 2-3 недели да правите треман со морска сол кој ги содржи сите неопходни минерали за зајакнување на ноктите. Третманот е едноставен, сите состојки сигурно веќе ги имате во вашата кујна.

Fingernails-Treatment

За третманот ќе ви биде потребно:

  • 200 ml топла вода
  • 2 супени лажици морска сол
  • неколку капки маслиново масло
  • 1 парче (тркалце) лимон

Во сад имешајте ги сите состојки освен лимонот и држете ги дланките во водата околу 10 минути. Потоа извадете ги рацете и почекајте да се исушат па убаво протријте ги ноктите со парчето лимон. Лимонот е одличен за зајакнување и избелување на ноктите. На крај измијте ги рацете со млака вода и втријте убаво во ноктите маслиново масло. Наместо маслиново масло можете да користите и крема за раце.

Доколку третманот го правите пред спиење, после нанесувањето на кремата за раце или на маслиновото масло ставете на рацете памучни ракавици. Тоа ќе помогне хранливите материи полесно да се апсорбираат во кожата, па така и кожата на рацете следниот ден ќе ви биде мека и нежна.

Практикувајте го овој третман секој ден или барем 3-4 пати неделно во рок од 2-3 недели. Резултатот ќе го почувствувате после само неколку третмани. Ноктите ќе се зајакнат и ќе изгледаат поздраво и посјајно. Но, освен ноктите и кожата на рацете ќе ви стане помека и понежна.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *