За енергија и ревитализација: Зелен утрински напиток од целер и краставица

Тајната за убавиот и свеж изглед не се крие само во скапоцените и скапи козметички препрати, туку и во начинот на исхрана и намирнците кои постојано ги внесувате. Овој зелен напиток го чува вашето здравје, ја подмладува кожата и помага во регулирање на телесната тежина.

Овој напиток се подготвува лесно и брзо и содржи зелен чај, целер и краставица. Кофеинот од зелениот чај помага за забрзување на циркулација и исфрлање на токсините од телото, бројните антиоксиданси ги штитат клетките од оксидативен стрес, витамините ги хранат клетките, а водата го хидрира организмот.

Целерот е моќен и познат по тоа што помага во намалување на мастите во телото, така што овој напиток е одличен и за оние кои имаат покачени триглицериди или холестерол. Сето тоа има синергистичко влијание и помага во подмладување на организмот и зачувување на здравјето.

Потребни состојки:

  • 1 свежа краставица со средна големина
  • 200 ml свежо подготвен органски зелен чај
  • 4 листови свеж целер.

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и убаво измешајте. Доколку смесата е многу густа, слободно додадете малку вода.

Подарете му здравје на телото и заменете го утринското кафе со овој вкусен и здрав утрински напиток.

На здравје!

Можеби ќе ве интересира:

Напиток со целер и лимон за намалување на мастите.

30 рецепти за подготовка на утринско смути.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *