Фитнес тест – во каква форма сте?

Споделете со пријателите

Дали некогаш сте се запашале дали сте доволно фит? Без разлика дали се занимавате со спорт или не овој тест ќе ви покаже во каква форма сте.

Да се биде во форма значи да може да издржите поголем напор од вообичаено, а притоа да не останете без здив. Редовното вежбање ќе го подобри капацитетот на вашите бели дробови. Корист од тоа ќе има срцето како и целокупниот организам. Ако можете да ги завршите сите дневни обврски и на крајот од денот да му подарите на телото добар тренинг, и притоа да немате чувство дека сте останале без здив и енергија, тоа значи дека сте во добра форма.

Трачањето е винскински испит за тоа колку сте фит и мерка за тоа колку е здраво вашето срце. Измерете колку време ви е потребно да истрчите 1 km, ако успеете да го истрчите за помалку од 7 минути, тоа значи дека сте во добра форма.

Во продолжение ви претставуваме еден од најчестите фитнес тестови кој може да го направите во било кое време и за кој не ви е потреба никаква опрема. Целта на тестот е за 60 секунди да се обидете да направите максимален број склекови, стомачни и jumping jack скокови (скокови со спојување и ширење на рацете и нозете, прикажани на сликата).

130524113657-7minjumpingjacks-story-top

Изберете една од овие три вежби и започнете, кога ќе поминат 60 секунди својот резултат споредете го со оној од табелата. Ако можете пробајте ги сите три вежби. Освен што ќе видите до каде сте со вашата фигура, ќе си направите и мини тренинг кој ќе ги раздвижи скоро сите мускули во телото.

Среќно !!!

склекови стомачни

jumping jack скокови

Мастер

Ниво III повеќе од

50

повеќе од

60

повеќе од

70

Про Ниво III 41-50 51-60

61-70

Напреден вежбач

Ниво II 31-40 41-50 51-60
Средно ниво Ниво II 21-30 31-40

41-50

Почетник

Ниво I 11-20 21-30 31-40
Аматер Ниво I 1-10 1-20

1-30

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *