Храна која би требало да ја јаде секој спортист!

Редовната физичка активност е клучна за одржување на добро здравје и расположение. Но, за да ги извлечете максималните резултати од вежбањето и физичката активност секако дека голем процент во сето тоа завзема и храната која ја внесуваме.

Прочитајте повеќе што се случува со телото кога не јадете после вежбање!

Постојат научни докази дека избалансираната исхрана може да ја зголеми телесната кондиција и да ги подобри резултатите од вежбање. Избалансирана исхрана значи исхрана богата со продукти од растително и животинско потекло, односно свежо овошје и зеленчук, месо, риба, јајца, млеко, јогурт….Овие намриници покрај главните нутритиенти: јаглехидрати, протеини и масти се богати и со витамини, минерали и антиоксиданси и овозможуваат нормално и правилно одвивање на сите сложени биохемиски процеси во организмот.

Во продолжение прочитајте повеќе кои продукти задолжително би требало да ги сместите на вашето мени доколку се занимавате со одредена физичка активност.

Цвекло

Цвеклото е една од најздравите намирници. Освен што е одличен извор на антиоксиданси, одлично е и за детоксикација на организмот. Истражувањата покажуваат дека цвеклото помага за неутрализација на слободните радикали и елиминирање на штетните токсини од телото, што позитивно делува на нивото на енергија.

Подгответе си смути со цвекло!

Мака

Маката е намирница која го зголемува нивото на енергија во телото, ја подобрува издржливоста и физиката кондиција. Последните истражувања покажуваат дека маката може да помогне кај луѓе кои страдаат од анемија, хроничен замор и недостаток на концентрација. Вклучете го правот од мака во секојдневната исхрана, додајте ја во вашето смути или салата. Ако ве интересира повеќе за маката, прочитајте овде!

Подгответе си смути со мака!

Лосос

Лососот е одличен извор на протеини и омега-3 масни киселини кои многу поволно влијаат врз срцето и крвните садови. Дневните препорачани дози од омега- 3 масни киселини се околу 1000 mg. Во парче лосос (200 g), има околу 3500 mg омега-3 масни киселини, што ги задоволува потребите за омега-3 за неколку денови. Освен омега-3, со парче лосос ќе внесете 40 g протеини и 100% од дневните потреби за витамин-Б12.

Куркума

Куркумата е одличен извор на антиоксиданси и е одлична намирница за намалување на оксидативните оштетувања врз клетките. Одлична е за превенција на канцерогени и хронични болести. Вклучете ја во секојдевната исхрана, можете да додадете 1/4 лажичка во вашето кафе, смути, салата или било какво вариво. Одлично се вклопува и во солени и во благи оброци.

Прочитајте како да ја конзумирате куркумата за максимални ефекти!

Зелен чај 

Зелениот чај се препорачува кај сите спортисти затоа што е одличен извор на биофлавоноиди кои го зголемуваат дотокот на крв и кислород до сите телесни клетки. Зелениот чај е моќно антиоксидантно средство и го намалува ризикот од појава на хронични болести. Зелениот чај може многу да му помогне на телото побрзо да закрепне после напорен и интензивен тренинг.

Спирулина 

Спирулината е врста на морска алга која има извонредни позитивни ефекти врз здравјето. Неодамнешни истражувања покажуваат дека спортистите кои редовно користат спирулина имаат поголема спортска издржливост, во однос на оние кои не внесуваат спирулина.

Јогурт 

Јогуртот е особено богат со пробиотици и може да помогне во контролата врз апетитот и телесната тежина. Истражувањата покажуваат дека јогуртот е одличен за зголемување на спортската издржливост и зголемување на нивото на енергија во телото. Многу е лесно да го вклучите во секојдевната исхрана, подгответе го утринското смути со јогурт или испијте една чаша пред спиење.

Подгответе си смути со јогурт, банана и јагоди!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *