Храна од растително потекло богата со омега-3 масни киселини

Споделете со пријателите

Омега-3 масните киселини се есенцијални хранливи состојки кои допринесуваат за подобро физичко и ментално здравје. Тие учествуваат во градба на клеточната мембрана на сите клетки во организмот. Исто така се прекурсори за синтеза на многу хормони. Тоа што се есенцијални значи дека организмот не може да ги создава и потребно е да бидат внесени преку храната или преку суплементи.

Покрај важноста на овие киселини во одржување на кардиоваскуларното здравје, тие се важни и за правилен раст и развој на децата, превенција и терапија на малигни и кожни болести, а во поново време и кај ментални болести како депресија и деменција. За среќа за сите кои не сакаат риба или се вегани, постојат многу продукти од растително потекло кои содржат омега-3 масни киселини. Семињата и јаткастите плодови се на врвот од оваа листа, но прочитајте и запознајте се подетално кои храни од растително потекло се најбогати со омега-3 масни киселини.

Ленено семе

Лененото семе е еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини. Ова семе позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем преку неколку механизми вклучувајки нормализација на срцевиот ритам, намалување на ризикот од развој на артериосклероза (помага во намалување на масните наслаги на аретериите) и намалување на крвниот притисок. Неодамнешните истражување покажуваат дека лененото семе може да има значајно влијание за намалување на ризикот од развој на канцер на дојка, простата и канцер на дебелото црево.

Напомена:  за подобро искористување пред да го конзумирате измелете го, најдобро е да го козумирате непосредно после мелењето бидејќи многу  брзо оксидира и ги губи хранливите својства. Можете да го додавате во вашето смути, јогурт, супа и сл.

Рецепт: : Чоколадно смути.

Ленот се повеќе се користи и во козметички цели бидејќи и дава влажност и еластичност на кожата.

Маска за лице затегнување на лицето од ленено семе.

len 1

Чија семки

Чија семето од неодмана го доби вниманието кое навистина го заслужува. Покрај омега-3 масните киселини, содржи и калциум, многу растителни влакна, манган, магнезиум и големи количини на антиоксиданси. Поради тоа чија семето одлично влијае на здравјето и виталноста на телото. Ова семе се препорачува пред се кај спортисти бидејки ја зголемува издржливоста на организмот.

Напомена: пред да го конзумирате оставете го 10-15 минути во млака вода.

Рецепт: Како да подготвите пудинг од чија?

Chia-seeds

Јаткасти плодови

10-тина јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви, индиски ореви и сл.) ќе ви ги задоволат дневните потреби за омега-3 масни киселини. Оревите сепак содржат најголем процент на омега-3 масни киселини.

Со јаткасти плодови до одлично здравје.

Табела со нутритивни вредности на најупотребувани семиња и јаткасти плодови во исхраната.

Одлични се доколку имате чести напади на глад во текот на денот. Освен со омега 3 масни киселини, ќе ве обезбедат и со доволно антиоксидасни.

Рецепт: Чоколаден путер од бадеми.

nuts

Во оваа листа спаѓаат и: авокадо, спанаќ, мешунки, јагоди, малини, семе од синап (сенф) и др.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *