Хроно вечера: Омлет од белки и зеленчук

Одличен предлог за вкусна вечера доколку сте на хроно исхрана. Бидејќи за вечера е дозволено да јадете посно месо, бела риба, печурки или белки во комбинација со зеленчук, изборот е малку поограничен. Но, сепак постојат толку многу опции и вкусни рецепти кои ќе ве направат да не почувствувате дека всушност сте на диета (режим на исхрана).

Потребни состојки:

  • 2 или 3 белки
  • 1-2 млади кромитчиња
  • ½ тиквичка
  • 1 китка спанаќ
  • 1 краставица
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол, бибер и зачини по желба.

Начин на подготовка:

Белките најпрвин изматете ги со вилушка. Зеленчукот ситно насечкајте го. Во тавче кое не лепи ставете го маслиновото масло, додадете го насечканото младо кромитче и ситно сечканите тиквички. Пржете околу 4-5 минути дури убаво не омекнат. Потоа додадете го свежиот спанаќ и промешајте. Спанаќот многу брзо ќе го намали својот волумен и ќе омекне. На крај додадете ги белките и убаво измешајте. Зачинете со малку сол и со некој ваш омилен зачин.

Овој омлет од белки и зелен зеленчук можете да го комбинирате со свежа салата од краставица.

Добар апетит!

Повеќе идеи за хроно рецепти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *