Хроно вечера: Печени филети ослич со салата

Доколку сте во рестриктивен период вечерата треба да биде лесна и едноставна. Најдобро е за вечера да комбинирате немасно месо (пилешко или риба) и салата. Тоа што е специфично за вечерата е тоа што дозволено ви е месото или рибата да ги комбинирате само со зеленчук со зелена и бела боја. Овие зеленчуци имаат помал гликемиски индекс, односно со мала брзина го подигаат нивото на шеќер во крвта (повеќе за гликемиски индекс прочитајте тука).

Наш предлог за денес се печени филети бел ослич во комбинација со свежи зелени зеленчуци по ваш избор.

Потребни состојки (за 2 лица):

  • 2 филети ослич (ако се помали може и 4)
  • 1 лажица маслиново масло
  • сок од ½ лимон
  • ½ лажичка хималајска сол
  • ½ лажичка лук во прав
  • ½ лажичка куркума
  • малку црн бибер
  • 2-3 гранчиња рузмарин (по желба, ако го сакате вкусот на рузмарин)
  • зелена салата по избор (комбинација од марула, спанаќ, рукола, младо кромитче, магдонос и сл.).

Начина на подготовка:

Во мал сад заедно измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон и зачините. Со оваа маринада убаво прелијте ја рибата. Од страна во плехот во кој ќе ја печете ставете ги гранчињата рузмарин. Вклучете ја рерната на 180-200°С и печете 30-40 минути. Доколку сакате рибата да биде повеќе запечена можете и повеќе.

На крај направете си зелената салата по ваш избор со зеленчуци кои ги имате и уживајте во вкусната и здрава вечера.

Добар апетит!

Повеќе рецепти доколку сте на хроно исхрана, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *