Хроно ручек: Богата салата со пилешко

Ручекот во хроно исхраната не е количински ограничен, но сепак за ручек се забранети одредени намирници. За ручек се препорачува да јадете некој тип на динстано месо заедно со зеленчук.

Можеби ќе ве интересира: 20 најважни правила во хроно исхраната.

Овој хроно ручек се подготвува брзо доколку претходно го имате сварено/динстано месото.

Брз и здрав хроно ручек за помалку од 10 минути. Еве го рецептот.

Потребни состојки (за една порција):

  • 1 парче варено пилешко месо
  • неколку листови марула
  • неколку листови спанаќ
  • 1 краставица
  • 1 младо кромитче
  • 2 ротквици
  • 1 лажица маслиново масло
  • сок од половина лимон
  • малку хималајска сол.

Начин на подготовка:

Месото мора претходно да биде сварено, потоа само насечкајте го на ситни коцки.

Во друг поголем сад насечкајте го зеленчукот. Во садот додадете го месото и прелијте ја салатата со маслиново масло, сок од лимон и посолете со малку хималајска сол.

На здравје!

Повеќе хроно рецепти пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *