Мусака од тиквички и мелено месо (low carb)

Споделете со пријателите

Low carb ручек, одличен доколку сакате да намлите килограми.

Потребни состојки (за 2 порции):

  • 150 g мелено немасно јунешко месо
  • 100 g свежи шампињони
  • 2-3 млади кромитчиња
  • неколку листови свеж спанаќ
  • 2 тиквички
  • 1 лажица путер
  • малку хималајска сол, црн бибер и куркума

Начин на подготовка:

Првин подгответе си ги зеленчуците и месото. Кромитчињата, спанаќот, шампињоните и тиквичката насечкајте ги.

Путерот ставете го да се растопи на тефлонско тавче што не лепи и потоа додадете го кромидот и печурките, промешајте убаво и почекајте печурките да пуштат вода. Кога водата ќе испари додадете го месото и кратко пропржете. Последен додадете го спанаќот и почекајте само малку да омекне. На крај зачинете со малку хималајска сол, црн бибер и куркума.

Во садот во кој планирате да ја редите мусаката ставете првин еден ред тиквички, потоа ставете еден слој од месото, па повторно ред тиквички и уште еден слој од месото. На крај завршете со ред од тиквички.

Одозгора малку посолете со хималајска сол и наросете црн бибер и куркума.

Ставете ја мусаката да се пече на температура од 220°С околу 40-45 минути.

Комбинирајте со салата од свеж зелен зеленчук.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *