Цвеклото го чува срцето, но помага и за слабеење!

Цвеклото е намирница богата со нитрати кои се прекурсори за синтеза на азотен окид (NO) кои ги шират крвните садови, а со тоа ја подобрува циркулацијата и го намалува крвниот притисок. Поради железото кое го содржи, цвеклото помага доколку имате проблем со анемија. Тоа е достапно и во лето и во зима, така што свеж сок од цвекло би можеле да си подготвите во било кое време од годината.

Цвеклото е богато со многу важни нутритиенти, нерастворливи влакна и фитохемикалии. 100 g свежо цвекло содржи само 36 калории.

Сок од цвекло ја прочистува крвта

Цвеклото е особено богато со минерали и тоа: калиум, фосфор, калциум, магнезиум, манган, железо, бакар, селен, јод и кобалт. Содржи и антиоксиданси, витамин Б, меѓу кои најмногу фолна киселина (витамин Б9) и витамин Ц. Сите овие микронутритиенти го намалуваат ризикот од срцеви болести, дијабетес, воспаленија и карцином. Сокот од цвекло е особено добар за прочистување на организмот од штетните токсини бидејќи го поттикнува црниот дроб да лачи повеќе жолчни соли.

Нитратите кои ги содржи цвекото го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од болести на срцето и бубрезите. Кај луѓе со хипертензија (висок крвен пртисок) доволно е да се конзумираат 1-2 чаши сок од цвекло дневно. Освен крвиот притисок сокот од цвекло го намалува и пулсот во мирување, а тоа е особено важно за постарите луѓе и оние кои имаат кардиоваскуларни, метаболички и респираторни проблеми.

sok od cveklo

Сокот од цвекло е особено корисен за постари луѓе

Нитратите кои се присутни во сокот од цвекло ја забрзуваат и подобруваат цикрлуацијата и тоа особено во мозокот. Токму поради тоа сокот од цвекло се препорачува кај постари луѓе кои страдаат од деменција и намалено памтење.

Сокот од цвекло помага кај анемија

Цвеклото е исклучиво богато со железо, а од друга страна и со витамин Ц. За да може железото да се апсорбира во организмот, витамин Ц е неопходно. Дополнително да ја зголемите апсорпцијата на железото сокот од цвекло можете да го мешате со сок од цитрусни овошја како лимон, портокал, грејпфрут и сл кој содржи дополнителни количини на витамин Ц.

Цвеклото помага и за слабеење

Цвеклото е одлично за целосна детоксикација на организмот и ослободување на телото од наталожените токсини. Тоа го подобрува варењето на храната и го забрзува празнењето на цревата бидејќи содржи многу нерастворливи растителни влакна. Сето тоа оди во прилог доколку сакате да намалите килограми, имајќи го во предвид и фактот што оваа намирница содржи и многу малку калории.

Ќе ве интересира:

Смути со цвекло, јаболко и лимон

Смути со аронија, портокал и цвекло

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *