Црниот бибер и маслото од црн бибер се богати со витамини и минерали. Црниот бибер содржи витамин А кој е добар за здравјето на очите, а исто така има и голема антиоксидативна моќ. Во црниот бибер се наоѓа и витамин К кој помага за добро функционирање на крвотокот и метаболизмот. Дополнително содржи и калциум, калиум и селен. Калциумот помага во коскената минерализација, калиумот пак има способност да го регулира крвниот притисок. Селенот е неопходен за формирање нма коските, ноктите, косата, забите, како и за правилно функционирање на мозокот. Селенот исто така е битен за нормално функционирање на тироидната жлезда.
Користете го овој зачин задолжително во вашите омилена јадења. Ние во продолжение ви нудиме начин како да го користите биберот и маслото од бибер во козметички цели. Еве неколку рецепти кои помагаат доколку имате проблеми со флеки и лузни, акни или пак сакате конечно да се решите од целулитот:
Маска од кисело млеко и црн бибер за флеки и лузни на кожата
Помешајте добро 1 супена лажица црн бибер и 2 лажици кисело млеко. Нанесете ја маскатра на предходно исчистена кожа. Оставете ја да стои 5 до 10 минути, потоа измијте го лицето со ладна вода.
Маска од мед, белка од јајце и црн бибер за акни на кожата
Изматете ја белката со една мала лажичка мед дури не добиете пенеста смеса. Додадете на крајот половина лажичка црн бибер и хомогената смеса нанесете ја на добро исчистено лице. Оставете да стои 15 до 20 мин. Потоа добро измијте го лицето со млака вода.
Мелем од црн пипер против целулит
Додадете 3 до 4 капки етерично масло од црн бибер во 100 ml крем за тело што имате дома. Масирајте ги со кружни движења местата засегнати со целулит наутро и навечер. Користете го мелемот секојдевно и ефектот ќе го забележите веќе после 10тиот ден.
Масло од бадем, сусам и црн пипер против целулит
Помешајте 2 супени лажици бадемово масло и 2 супени лажици сусамово масло. Додадете на ова 4 капки етерично масло од црн пипер.Помешајте ги добро состојките и масирајте се двапати дневно на засегнатите места.
Можеби ќе ве интересира:
4 витамини и минерали кои го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат слабеењето
Тинктура од аронија за подобра циркулација и појак имунитет
6 намирници кои го забрзуваат топењето на масното ткиво
Кои се придобивките од утринскиот тренинг?
Зумба за време на бременоста
Најчести грешки во подготовката и консумирањето на храна кои ве дебелеат
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.