Едноставен рецепт за подготовка на чоколаден чиа пудинг

Слободно можеме да кажеме дека појадокот е најважниот оброк и претставува предуслов за добар почеток на денот. Правилниот и добро избалансиран појадок може да придонесе многу за вашето здравје. Еве еден интересен, брз и многу здрав рецепт за подготовка на чиа пудинг.

Состојки:

  • 2 супени лажици чиа семе
  • 1 супена лажица ленено семе
  • 1 мала лажичка мед
  • 1 мала лажичка какао
  • 1 мала лажичка кокосово масло
  • ½ банана
  • 9-10 бобинки аронија
  • малку цимет (по желба)
  • 200 ml вода

Начин на подготовка:

Во млака вода (да не врие) ставете го чиа семето, лененото семе, медот, какаото и циметот. Убаво промешајте и оставете да стои 20-тина минути. Потоа додадете ја бананата насецкана на коцки, бобинките аронија и кокосовото масло. Декорирајте по желба.

Овој појадок ќе ви обезбеди енергија за целиот ден. Изобилува со многу хранливи состојки како омега-3 и омега-6 масни киселини, магнезиум (околу 200 mg- половна од дневните потреби), калиум (околу 700 mg- една третина од дневните потреби). Исто така ќе внесете и доволна количина на влакна (околу 25 mg) што ќе помогнат за подобро варење на храната.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *