Направи сам: Евтин витамински шампон против опаѓање на коса

Проблемот со опаѓање на косата е многу чест и подеднакво ја зафаќа и машката и женската популација. Опаѓањето на косата може да претставува голем социолошки проблем кај одредена индивидуа. Бујната, сјајна и цврста коса се секогаш и за секого привлечни. Во контекст на тоа ви пренесуваме рецепт за подготовка на витамински шампон против опаѓање на коса кој можете да си го подготвите дома. Состојките кои ги користиме можете да ги набавите во било која аптека и нема да ве чинат воопшто скапо.

Потребни состојки за витамински шампон против опаѓање на коса:

  • 200 ml неутрален шампон од коприва
  • 1 ампула витамин Б1
  • 1 ампула витамин Б6
  • 1 ампула витамин Б12
  • 5-6 таблети пивски квасец

Начин на подготовка:

Во чист порцелански сад истурете малку од шампонот, потоа додадете ја течност од трите ампули и убаво измешајте. Во толчник или со лажица убаво спрашете ги таблетите пивски квасец така што ќе можат полесно да се растворат во шампонот. Кога ќе ги спрашите додадете ги во садот со шампонот и ампулите и мешајте повторно дури убаво не се раствори. На крај додадете го остананото количество на шампон и убаво измешајте дури не добиете хомогена смеса. Вака подговениот витамински шампон вратете го во шиишето и користете го при секое миење на косата. Ефектите ќе ги забележите само после неколку миења.

Витамините од групата Б се неопходни за раст на косата и затоа оваа комбинација на витамини ќе го спречи опаѓањето на косата и ќе поттикне раст на нови влакна. Дополнително можете да си подготвите и домашен лосион од коприви. Рецептот за лосионот пронајдете го тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *