30 дневен смути предизвик – Ден 15

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се!

Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 15

Шарено смути

Оброк во чаша е секогаш добра идеја. Сигурни сме дека со рецептот во продолжение ќе ве освоиме – шарено смути со јагода и банана. Изгледа навистина привлечно и вкусно. Ова смути ќе ви даде енергија и ќе ви го наполни телото со витамини.

13140724_1007847002663129_2021558568_n

Што е потребно?

за белиот дел:

  • 1 замрзната банана
  • 100-120 ml јогурт, млеко или соино млеко (изберете по желба)
  • 1 супена лажица кокосово брашно

за розевиот дел:

  • 5-6 замрзнати јагоди
  • 100-120 ml јогурт, млеко или соино млеко (изберете по желба),
  • 1 мала лажичка чија семе

Како да го подготвите?

Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте. На крај ставете во чашата првин малку од белиот дел, потоа од розевиот и на крај пак од белиот. Декорирајте со чија семе и јагодки.

За крај уживајте 🙂

Рецепт од Елена Ѓорѓиевска

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *