Шарен здрав чиа пудинг

Овој пат имаме разигран и весел рецепт – Чиа пудинг во бои и различни вкусови. Одличен десерт кој се подготвува брзо и едноставно.

Потребни состојки:

  • 3 лажици чиа семе
  • 1 чаша соино млеко или здрава варијантана на млеко по ваш избор (бадемово, кокосово, оризово и сл.)
  • ½ лажичка стевиа
  • 1 лажичка какао

за декорација:

  • 1 парче лубеница
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажичка кокос.

Начин на подготовка:

Во сад или чаша измешајте го чиа семето заедно со соиното млеко и стевиата. Убаво соединете ја смесата и потоа префрлете ½ во друга чаша во која ќе го додадете какаото. Можете и во две посебни чаши да подготвите уште од самиот почеток.

Оставете ги двете чаши во фрижидер околу 2 часа. Тоа е потребното време чиа семето да ја апсорбира водата и да се добие густа смеса која наликува на вистински пудинг. Кога ќе биде готово, земете една поголема чаша како на сликата и првин ставете половина од белиот дел со млеко, чиа и стевиа, потоа додадете го чиа пудиног со какао и на крај додадете ја другата половина од белиот чиа пудинг. Декорирајте со парчиња лубеница и наросете со ленено семе и кокос.

Уживајте!

Рецептот и сликата се на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *