Шест совети за успешно вежбање

Со доаѓањето на пролетта многумина почнуваат со вежбање и намалување на килограмите кои се резултат на зимската исхрана и не движењето. Го поздравуваме секој облик на физичка активност, но еве неколку совети кои ќе ви помогнат вашето вежбање да биде по ефикасно.

workout

  1. Истегнете се

Пред секое вежбање добро е да го истегнете телото. Така ќе ги загреете мускулите, лигаментите, тетивите и ќе го намалите ризикот од потенцијални повреди во текот на вежбањето и ќе ја подобрите ефикасноста.

  1. Набавете монитор за отчукувања на срцето

Брзината на вашите отчукувања е најдобар показател колку напорно вежбате и што кај вежбањето треба да промените. Тоа ќе ви даде до знаење каде треба да забавите, а кога треба да го зголемите интензитетот на вежбање. Освен тоа, тие имаат моќ прецизно да ги пресметаат калориите потрошени во текот на вежбањето.

  1. Вежбање во група

Освен ако вашата мотивација и одлучност не се исклучително силни, вежбањето дома во својата соба нема да биде многу ефикасно. Многу потешко ќе се откажувате од вежбите ако ги правите во група, опкружени со други луѓе.

  1. Вежбајте во друштво на пријател

Одлично е кога имате друштво за вежбање. Кога нема да бидете баш најрасположени за вежбање, пријателот/ пријателката ќе ве натера да одите. Освен тоа, ќе се “мачите” заедно да ги правите вежбите, а ова ќе направи полесно да ги поднесувате.

  1. Водете дневник за вежбање

Секојдневното бележење на активноста, интензитетот и чувството по вежбањето ќе ви помогне да го следите својот напредок во подолг временски период. Ако сакате да трчате, може да се послужите со некоја мобилна апликација која ќе ја следи вашата активност, рутата по која трчате и целите кои ќе си ги поставите.

  1. Поставете си цел

Целта прави се да биде полесно. И притоа, не мислиме на цели како губење на 15 килограми или губење на 20 сантиметри. Трчање 5 километри е цел и тоа цел која многу полесно може да ја исполните. Бројни студии покажала дека луѓето кои имаат јасно зацртана цел, значително се попродуктивни од оние кои вежбаат само за да изгубат килограми.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *