Што после празниците?

Споделете со пријателите

Сигурно се прашувате како да се вратите на добриот пат на здрава исхрана после празничните трпези, сета руска салата, кифлички, штрудли и сарми. Некои ќе се решат да го сторат тоа со имплементирање на „послепразнични резолуции“ и ќе пристапат порадикално на случајот, други пак ќе почнат од понеделник (некој од понеделниците оваа година), а некои пак ќе почнат некоја брза диета или слично. Впрочем, нема потреба да чувствувате вина поради храната изедена за празниците, храната се асоцира со добро расположение, прославување и друштвени ситуации. Не ги надополнувајте искуствата со чувства на вина, едноставно, сте уживале во атмосферата и имате полно право на тоа.

Но сепак, доколку очекувате дека на првото работно утро ќе се соочите со проблемот на тешко закопчување на панталоните или кошулата, во продолжение ви даваме неколку guilt-freeing совети како да се вратите во нормала и да се подготвите за влегување во форма.

Природна, непроцесирана храна

Во периодот кој следува заборавете на храната направена од бело брашно, на благите работи, рафинираните масла (класичниот рафиниран сончогледов зејтин, а особено маргарини, производи со растителни масла како павлаките за готвење, слатките павлаки и растителниот кашкавал). Веројатно увидувате каде одиме со набројувањата. Покрај тоа што овие производи содржат празни калории (брза храна за мозокот, но не и за телото) тие содржат и бројни несакани состојки како транс-масти и шеќери.

Свртете го фокусот на јадење целосна и непроцесирана храна, колку што е можно повеќе, како што се производи од цело зрно, свежо овошје и зеленчук, храна со проверени состојки и потекло.

Приготвувајте манџи и супи, во течна варијанта. Традиционалната запршка кај некои од овие можете слободно да ја замените со една шолја 100% доматно пире, како на пр. боранија, грашок и сл. Малку маслиново масло нема да ви штети.

Македонската кујна изобилува со намирници и рецепти кои не само што се вкусни туку се и особено здрави. Токму оние од нашите баби и мајки се идеални за овој период.

Во некој од следните објави ќе ви дадеме и рецепт за здрава и вкусна сарма.

Јадете ги јаболката, крушките, тиквите, се она што се смета за сезонско овошје. Од зеленчук слободно земете и од туршијата, но и од се она што ни е достапно на пазар или во маркет.

post-holiday-detox

Вратете го расположениео на вашиот дигестивен тракт

Хербални чаеви како што се нане, планински чај, мајчина душица (особено оние од нашето поднебје) ќе ви помогнат да се смират желудникот и цревата кои се вознемириле за време на празниците. Пијте ги неколку пати во денот. Пијте и повеќе вода за да го забрзате исфрлањето на токсините.

Чаша јогурт, кефир или кисело млеко на ден ќе ве снабди со здрави пробиотици и бактерии кои му помагаат на нашиот дигестивен тракт подобро да функционира, а со тоа и на целото тело воопшто. Додадете и лажица мелено ленено семе во чашата, доколку ви е пријатен вкусот.

tea

Темпирајте ги оброците

На кратко, дозволете и на храната да се свари во желудникот пред да внесете нова. За тоа ви се потребни од 3-4 часа, во зависност од тоа што сте јаделе. Одберете храна која е богата со природни влакна (свеж зеленчук, легуми, цели житарки и сл.). Ваквата храна ќе ве држи сити подолго време.

Јадете овошка за ужинка и до 30 g јаткасти плодови како бадеми, ореви и сл.

Clock made of fork and spoon

Почнете со озогласената физичка активност

Откако сте се вратиле во нормала и сте го направиле „детоксот“ на организмот запишете се во теретана или на некоја спортска активност како што и планиравте во моментите на прејаденост. Почнете најпрвин со помал интензитет, па зголемувајте го постепено со цел да не го преоптоварите телото па да добиете болка во мускулите.

Едноставно, јануари е вистинско време да почнете со подготвување за летната сезона.

cat_dumbbells_funny_lie_52864_1920x1080

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *